ВЛАДАТА на Република Северна Македонија и Инспекцискиот Совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат затекнатите неправилности и непочитување на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19.
СОДРЖИНИТЕ по наставни предмети засега им се достапни на основците од прво до деветто одделение, а наскоро таа ќе се пополнува и со лекции за средношколците. Наставниците чекаат упaтства од МОН и Бирото за развој на образованието (БРО) за начинот на проверка на знаењето и оценување на учениците.
МНР соопшти дека во соработка со МНР на Република Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја
ДИРЕКТОРОТ на Клиниката за очни болести, Христијан Дума ја демантира информацијата објавена на Лидер.мк, а потоа преземена и од Курир.мк и од други портали.
ЛИДЕРИТЕ на 27 земји-членки на Европската унија ќе разговараат денеска преку видео-врска за заеднички напори за борба против ширењето на пандемијата со новиот корона вирус и за ублажување на економските последици на здравствената криза.
ДВОКРАТНАТА олимписка шампионка во алпско скијање, Американката Микаела Шифрин изјави дека ќе продолжи да продава свои работи на добротворна аукција. Собраните средства таа ќе ги донира за борбата против коронa вирусот.
ЕДНО лице кое живее во близина на папата Франциск во Ватикан е тестирано позитивно за новиот корона вирус и сега е хоспитализирано во болница во Рим, објави римскиот весник Месаџеро.
БРОЈОТ на потврдени случаи на зараза со Ковид-19 во Германија се зголеми на 36.508. Од заразата досега починаа 198 луѓе, соопшти здравствениот Инситут Роберт Кох.
БРИТАНСКИОТ заменик амбасадот во Унгарија, Стивен Дик, почина во Будимпешта откако беше констатирано дека е позитивен на корона вирус. Дик, кој имал 37 години, починал во вторникот, како што јави вчера Форин Офисот.
ВО Турција, бројот на починати од последиците од корона вирусот се искачи на 15 и сега изнесува 59, изјави министерот за здравство, Фахретин Коча.
СПОРЕД извештајот од минатата недела, во Калифорнија и во Вашингтон, продажбата на марихуана е зголемена за повеќе од 50 отсто, што причини и пораст во акциите на поголемите компании за канабис во САД.
ДОНАЦИИ од АВМУ и ПСС за македонскиот полициски синдикат донираат средства за снабдување заштитна опрема против корона вирус за полициските службеници.
КОМОРА на сметководители: да се плати административна такса за документите потребни за аплицирање на повикот за бескаматната поддршка на фирмите објавен вчера, а Развојната банка да ги обезбеди електронски, по службена должност, за да намалат дополнителните трошоци, времето и ризикот по здравјето на сметководителите.
КИНЕСКАТА компанија Алибаба на Словенија донира тестови за корона вирусот, кои се очекува да пристигнат за неколку денови.
УРЕДБА со која се утврдува како банките и штедилниците можат во текот на вонредната состојба, на граѓаните и фирмите да им понудат одложување на исплатата на ратите и други поволности со кои ќе им го олеснат сервисирањето на кредитите за време на корона кризата е донесена.