ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

НЛБ Банка: Одложување на кредитите на физичките лица до шест месеци

Одложување на отплатата на кредитите на физичките лица до шест месеци, заклучно со 30 септември 2020 година, како и рефинансирање на постоечките кредити,, одобрување нови кредити со можност за користење грејс период или редовна отплата на постоечките кредити по избор на клиентот е понудата на НЛБ банка, согласно уредбата за олеснување на договорните услови на кредитите донесена со цел надминување и ублажувње на негативните ефекти од кризната ситуација

March 27, 2020 14:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Одложување на отплатата на кредитите на физичките лица до шест месеци, заклучно со 30 септември 2020 година, како и рефинансирање на постоечките кредити,, одобрување нови кредити со можност за користење грејс период или редовна отплата на постоечките кредити по избор на клиентот е понудата на НЛБ банка, согласно уредбата за олеснување на договорните услови на кредитите донесена со цел надминување и ублажувње на негативните ефекти од кризната ситуација.

Од банката информираат дека за правните лица, исто така, ќе бидат понудени неколку опции, кои во зависност од природата на потребата ќе бидат усогласени со секое правно лице поединечно.

Можностите за правните лица се од НЛБ Банка се одложување на отплатата на кредитот од три до шест месеци заклучно со 30.09.2020, можност за рефинансирање, како и понуда на нови кредити за ликвидност. Кај клиентите од индустриите кои се затворени или се директно најпогодени од кризата, како и кај микро и малите претпријатија, во најголем број ќе се примени мерката за одложување на отплатата на кредитите.

-Новите кредитни олеснувања што ги нуди Банката се во согласност со активностите на НБРСМ, Владата, како и во координација со останатите членки на МБА, но пред се ќе бидат директен одговор на економските предизвиците кои ги донесе COVID-19 кризата како кај граѓаните, така и кај фирмите. Свесни сме за комплексната ситуација во која се најдоа нашите клиенти и воопшто целата економија во државата и светот. Наша задача е да застанеме пред овие предизвици, да ги заштитиме нашите клиенти и во најбрз можен рок да дадеме одговор со кој ќе им го олесниме справувањето со кредитните долгови и одржување на нивните бизнис модели, наведуваат од НЛБ Банка.

Во текот на следните неколку дена деталната понудата со конкретните услови ќе биде официјално објавена од страна на Банката и ќе биде дистрибуирана и комуницирана со сите клиенти преку официјалните канали за комуникација.

Next Post

МНР: Вратени 118 македонски граѓани од Малта, се организира и враќање од Хрватска

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk