Се полемизираше многу околу локацијата?! Ниедна локација не е подобра или полоша.
Вирусот не мирува заради локацијата. Вирусот може да се победи само со нашето однесување, со контролирана изолација, избегнување на непотребни излегувања и почитување на протоколи и препораки што со еден збор се вика дисциплина, вели во обраќањето градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, град во кој денеска беше регистриран првиот заболен пациент од корона вирус.
„Како Градоначалник не поддржувам обзнанување на список на згрижените во оваа контролирана изолација. Тоа не се луѓе кои треба да бидат стигматизирани само заради тоа што треба да поминат денови во изолација како претпазливост на сите нас за евентуални, повторувам евентуални заразени. Конечно, да се држиме до премисата, не прави му го никому она што не би го правел за ближниот свој“, рече Петровска.