Видно од настанатата ситуација, видовме дека државата има потреба од дополнителни објекти кои ќе служат како монтажни болници, напиша Елена Коцевска Груевска, адвокатка од Скопје.
Би сакала да понудам објект (се разбира бесплатно) од 650 м2 на едно ниво поделен на 2 еднакви простории, комплетно реновиран со 15 санитарни чвора.
Доколку имате потреба од таков простор и истиот е соодветен за потребите на државата со задоволство ќе го ставиме на располагање на истата, со цел да се заштедат пари од државната каса за изградба на објекти, средства кои би се искористиле за други цели. Објектот се наогја во населба Аеродром, на булеварот спроти Американ Колеџ, напиша Коцевска Груевска на ФБ.