ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Уште една неуспешна манипулација на „Лидер“, Народна банка со цврсти гаранции за стабилноста на денарот

Една од основните цели на индустријата на лажни вести е да се разниша довербата на луѓето во институциите и да влее несигурност, страв и паника. Дел од лажните вести се продуцираат со цел да се предизвикаат негативни ефекти врз нашата економија, преку манипулирање со информации за стабилноста на македонската национална валута или за други теми и области од економијата, финансиите и животниот стандард. Овој прилог се занимава со лажните вести за стабилноста на денарот.

March 28, 2020 15:47
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СКАНДАЛИ
Љупчо Златев (lider.com.mk), кој стана познат по својот гаф со МВРО, самиот си објавува лажни вести на социјалните мрежи, па самиот се цитира во своите текстови на својот портал кој, според словенечко Нецензурирано, примил дел од црните пари од Будимпешта…

Љупчо Златев (lider.com.mk), кој стана познат по својот гаф со МВРО, самиот си објавува лажни вести на социјалните мрежи, па самиот се цитира во своите текстови на својот портал кој, според словенечко Нецензурирано, примил дел од црните пари од Будимпешта…

Share on FacebookShare on Twitter

Индустријата на лажните вести во нашата земја е комплексна и широко распространета. Една од основните цели на оваа индустрија е да се разниша довербата на луѓето во институциите и да влее несигурност, страв и паника. Големи се штетите предизвикани од дејствувањето на центрите што продуцираат и дистрибуираат лажни вести.

Дел од лажните вести се продуцираат со цел да се предизвикаат негативни ефекти врз нашата економија, преку манипулирање со информации за стабилноста на македонската национална валута или за други теми и области од економијата, финансиите и животниот стандард. Овој прилог се занимава со лажните вести за стабилноста на денарот.

На веб страницата „Лидер“ вчера се појави текст со наслов „Зошто паѓа денарот?“ Веќе во самиот наслов се насетува манипулација. Не се ни поставува дилемата дали денарот е стабилен, туку се оди директно на прашањето зошто тој паѓа. Самиот прилог е повеќе од очигледно манипулативен и се користи со непроверени онјајн алатки, со графикони што самите по себе не значат ништо.

На овие графикони им се „лепи“ ставот дека „на социјалните мрежи отвори сомнеж дека денарот девалвира и ја губи цената“ што, исто така, е произволно, па и бесмислено тврдење. Кои социјални мрежи, врз основа на кои параметри или примери се извлекува тој став? Манипулацијата брзо се открива веќе во самиот текст.

Текстот понатаму продолжува со една фантастична „аргументација“ која самиот уредник си ја извлекува од сопствениот пост на социјалните мрежи во кои толку измешал сѐ што некој би помислил дека авторот, всушност, се подбива самиот со себе. Така авторот и уредникот на веб страницата се цитира самиот себе си во својот текст, па вели:

Ова не е девалвација и промена на курсот на денарот, туку е краткорочна supply/demand реакција на forex. Во превод, ова не значи дека вредноста на денарот паѓа, туку дека народот нема доверба во нашата валута, влада и економија и во кризни времиња ги менува заштедените денари во други валути па има повеќе денари во оптек, напиша Љупчо Златев главниот уредник на ,,Економски Лидер”.

Љупчо Златев (lider.com.mk), кој стана познат по својот гаф со МВРО, самиот си објавува лажни вести на социјалните мрежи, па самиот се цитира во своите текстови на својот портал кој, според словенечко Нецензурирано, примил дел од црните пари од Будимпешта…

И оваа бесмислица се објавува со цел да се дојде до главната порака со која овој и сличните медиуми во континуитет го напаѓаат медиумскиот простор: „народот нема доверба во нашата валута, влада и економија“.

И сега, врз основа на тотални бесмислици, публиката, ако е наивна, треба да му поверува на авторот кој самиот себе си се цитира, користејќи манипулации и алатки кои веројатно ни самиот не ги разбира, без оглед на тоа колку се тие релевантни или не. Впрочем, фактите за овој текст не се важни. Важно е да се пласира пропагандната порака дека „народот нема доверба во нашата валута, влада и економија“.

Да потсетиме, Лидер е една од веб страниците за кои неодамна пишуваше словенечкиот истражувачки тим на Нецензурирано, според кој четири македонски медиуми (ТВ Алфа и веб страниците Курир, Нетпрес и Лидер) примиле 2,5 милиони евра црни пари од Будимпешта за ширење пропаганда против македонските евроатлантски интеграции во 2018 година.

 

Патот на црните пари, според шемата на словенечкот „Нецензурирано“

Како противтежа на пропагандата со лажни вести и дезинформации, Народна банка на РСМ објави соопштение со кое ја информира јавноста дека девизниот курс на денарот е стабилен и дека располага со низа инструменти со коишто гарантира дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен.

Воедно, НБРСМ сподели и податок дека девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво, и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година – информира НБРМ. Во соопштението на НБРСМ се апелира да не се користат непроверени онлајн алатки кои не ја отсликуваат реалноста.

За дел од медиумите не се важни фактите, ниту пак колку лошо изгледаат бесмислиците што ги објавуваат, туку пропагандата. Овој текст е илустрација за тоа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: денарекономијалажни вестиЛидерЉупчо Златевпропагандаскандалстабилност

НАЈНОВО

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

СЗО: Два милиона луѓе гладуваат во Појасот Газа

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk