ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

12: Македонското знаме ќе се развиори во НАТО, лажни вести и извртување на изјава на Столтенберг, вратени наши сограѓани од Бон, 242 лица не почитувале полициски час

Дневник на актуелни вести до 09 до 12 часот.

March 30, 2020 10:59
in Uncategorized, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Свечена церемонија на подигнување на македонското знаме во НАТО, 30. членка на Алијансата. На свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел во 15 часот по средноевропско време ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич, и в.д. шефот на македонската делегација во НАТО, Зоран Тодоров. Истовремено, македонското знаме ќе биде подигнато и пред Сојузничката команда за операции во Монс, Белгија и во Сојузничката команда во Норфолк, Вирџинија.

Лажна вест за ширење паника преку целосно извртување на изјавата на Столтенберг. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг никогаш не рекол дека поставувањето на 5G технологија е услов за членство во НАТО. Напротив, вистината која може лесно да се открие стои и во самата содржина на текстот објавен со сосема спротивен наслов.

Граѓаните со симптоми на корона вирус да не одат, туку да се јават кај матичниот лекар. Јавете се телефонски, не одете директно во посета. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да се тестирате или не. Доколку треба, преку системот „Мој термин“ тие за вас ќе закажат точно време и место за тестирање, пишува во апелот на Владата.

Филипче: Грижата за психичкото здравје е еднакво важна како и грижата за физичкото здравје. Прочитајте ги советите и препораки за успешно прилагодување и адекватно справување за време на коронавирусот од Маријана Становиќ, клинички психолог, КБТ консултант при Клиниката за психијатрија.

Од денеска почнува со работа Клиниката за кожни болести која три недели беше под клуч. Поранешната директорка на клиниката Нина Цаца Биљановска била на скијање во Италија и веднаш по враќањето тргнала на работа, не почитувајќи ги владините препораки да остане 14 дена во самоизолација.

Со летот од Бон вратени 180 наши државјани, во текот на денов летови од Виена и Базел. Согласно протоколите за државни карантини, тие се упатени и сметсени во хотел Дрим во Струга, каде што ќе поминат 14 дена во изолација.

МВР: Вкупно 242 лица не го почитувале полицискиот час, 95 од нив приведени. Според статистиките на МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не било затекнато во својот дом.

За 25 години постоење, Унет ќе им помогне на три угостителски фирми. Од компанијата наведуваат дека  пред две и пол децении, односно на 20 април 1995,  ја воспоставиле првата интернет конекција во Македонија во време кога населението не само што во најголем дел немаше воопшто слушнато за интернет мрежата, туку и не поседуваше персонални компјутери.

Русија користи авторитарна технологија за да го запре корона вирусот. Русија под претседателот Владимир Путин ја доби пионерската авторитарна технологија: Минатата година, водачот на Кремљ одобри мерки со кои ќе се овозможи создавање „суверен“ руски интернет, кој ќе биде со фајрвол (Firewall) заштита од остатокот на светот

Европол: Криминалците профитираат од пандемијата на корона вирус.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

НАЈНОВО

Приведен жител на Ваташа поради уништување плакати на политичка партија

October 18, 2025

ДИК: Започна гласањето за болни, затвореници и лица во установи за вонсемејна грижа

October 18, 2025
Фото, Генерирано со ВИ

Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk