ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Коронавирусот ги разорува светските берзи, „избришани“ 15 билиони долари

Земјотресот на светските пазари на капитал и стоки, заради пандемијата на коронавирусот, трае веќе три месеци и ја предизвика, веројатно, најразурнувачката распродажба на активи уште од Големата депресија. Бројките се запрепастувачки, наведуваат британските медиуми

March 30, 2020 08:43
in ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Земјотресот на светските пазари на капитал и стоки, заради пандемијата на коронавирусот, трае веќе три месеци и ја предизвика, веројатно, најразурнувачката распродажба на активи уште од Големата депресија. Бројките се запрепастувачки, наведуваат британските медиуми.

На светските берзи се „избришани“ 15 билиони долари во вредност на акции, цената на нафтата опадна за 60 отсто, а пазарите во раст, како Бразил, Мексико и Јужна Африка, бележат пад на вредноста на нивната национална валута за повеќе од 20 отсто.

Притисокот врз пазарите на корпоративното здружување ги засили стравувањата дека можат да пропаднат цели сектори – „испари“ речиси половината од вредноста на акциите на авио-компаниите, а економиите што веќе се во пад се соочуваат со нов бран на криза на државни долгови, додаваат британските медиуми.

Гилотината не ја одбегна ниту Волстрит, каде е забележан слободен пад на индексот Дау Џонс за 22 отсто, и индексот С&П 500 за 24 отсто, азиско-пацифичкиот МСЦИ, што ја мерки вредноста на акциите на берзите во 49 земји, загуби речиси 25 отсто од вредноста, додека лондонскиот ФТСЕ се урниса за 27 отсто.

Илустрирајќи го интензитетот на ударот што го трпат светските берзи британските медуими наведуваат дека рекордниот квартален пад на вредноста на Волстрит во 1932 година, за време на Големата депресија, изнесувал 40 проценти, а фактот дека индексите на Дау Џонс и С&П 500 пред еден месец беа на рекордно ниско ниво, сведочи за тоа дека овој пат падот е побрутален.

Акциите во Кина, земјата која вирусот прва ја погоди, релативно добро минаа со пад од само 11 отсто во доларска противвредност, но последиците на другите големи пазари во нагорна линија беа многу поболни бидејќи нивните главни пазари за стоките се во валута во колапс.

Руските акции, што минатата година беа на чело на листата добитници, потонаа за 40 отсто во доларска вредност, додека вредноста на акциите на берзата во Бразил се урнисаа за 50 отсто.

Next Post

Русија користи авторитарна технологија за да го запре коронавирусот

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk