На состанокот на Кризниот штаб на Гостивар, директорот на гостиварската болница соопшти дека маж и жена, брачна двојка од Струмичко, кои биле сместени во државен карантин во Маврово, се пренесени во болницата.
Мажот се пожалил на симптоми на коронавирусот, поради што, заедно со сопругата се хоспитализирани во болницата „д-р Ферид Мурат“. Жената нема симптоми на Ковид-19, но сепак двајцата биле тестирани.
Неделава во општата болница во Гостивар биле примени 7 пациенти со симптоми на коронавирус, но тестовите излегле негативни.
Се чекаат резултатите од тестирањето на браничниот пар.