Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 од Владата да се донесе одлука за целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот и засилени поригорозни мерки за ограничувања.
Од Министерството за Внатрешни Работи се бара да врши постојан увид и контрола во состојба и почитување на мерката за собирање на групи и движење на граѓаните не повеќе од пет како и запазување минимално растојание од 2 метри на следните локации: КЕЈ, Градски парк, Плоштад, Соколана и Парк кај градски базен.
Препорака до граѓаните да ги почитуваат само мерките донесени од Влада на Република Северна Македонија и од Министерство за здраство, а не од непроверени извори.
Од општинскиот штаб известија дека од страна на непдговорни цела се оштетени и улрадени апарати за прскање.
„Вчера е оштетен уред за прскање на средства за дезинфекција на возилата на локација Средорек (ул.„Доне Божинов„) и украден е уред за прскање на локација помеѓу улиците „Биљановска„ и „Народна револуција„. Апелираме за совесно и одговорно однесување на граѓаните кон уредите кои се користат за дезинфекција на автомобили и на јавно прометни површини.
Исто така информираме дека средствата што се користат на пунктовите за дезинфекција на возилата не се штетни ниту за луѓето, ниту за самите автомобили”, се вели во соопштението.
Општинскиот штаб во Куманово бара од граѓаните да ги отстранат, непрописно паркираните возила на јавно променти површини (тротоари и улици), за да може непречено да се врши дезинфекција на отворено.”
Во спротивно, не преземаме одговорност за евентуално оштетување на приватен имот”, најавуваат од општинскиот штаб Куманово.