Филипче: Се чудам со каква леснотија Мицкоски ја лаже јавноста дека има тестови за само еден ден. -Најостро ги осудуваме инсинуациите, обвинувањата и невистинитите информации дека во нашата земја има тестови за само неколку дена, пласирани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Ненавлегувајќи во причините за ширењето на такви информации, Министерството за здравство упатува апел да не се шири паника со пласирање на непроверени и лажни информации и уште еднаш истакнува дека тестови за утврдување на присуство на коронавирусот има доволно за да ги задоволат потребите на нашата земја, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Во Куманово досега од Ковид-19 се заболени 85 лица, од кои 11 се медицински лица. Министерството за здравство, како што соопштија од владината прес-служба, ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово.
Сугарески на ФБ: Ова е борба за живот, не за политички поени! Може со Венко да не се согласувате идеолошки, но да ја оспорувате неговата посветеност во борбата со пандемијата е обично лицемерно “хејтање”, пишува министерот Горан Сугарески на Фејсбук.
Спасовски до кумановци: Останете присебни, нема простор за паника заради полицискиот час. – Ова е тешка, рестриктивна одлука, но неминовна да се донесе за да го спасиме животот и здравјето на граѓаните и да го пресечеме патот на ширењето на вирусот, напиша на ФБ премиерот Спасовски.