По шпекулацијата дека во државата нема доволно тестови за Ковид-19, министерот за здравство, Венко Филипче, покрај останатите видови деманти кои стигнаа, се изјасни и со статус на Фејсбук во кој уште еднаш потврди дека сме втора земја во регионот според расположливата количина тестови.
„Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на 1 милион жители. Имаме доволно тестови за да ги задоволиме потребите на нашата земја.
Ова е одличен резултат, не само за бројката на тестови, туку и за целокупниот пристап кон идентификување на пациентите, нивните резултати и кластерите на заболени. Во моментов располагаме со 4.500 тестови, а резервите секојдневно се надополнуваат.
Ја очекуваме донацијата и од 20.000 китови за тестирање – кои се доволни за потребите според вкупниот број на население во земјава.“ – се вели во статусот на министерот.