Бремената вереница на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери Симондс имала симптоми на корона вирусот и изминатите седум дена ги поминала во самоизолација но сè уште не се тестирала.
– Последната недела ја поминав во кревет со главните симптоми на корона вирусот. Не беше потребно да се тестирам. После седум дена, се чувствувам посилно, закрепнувам, напиша Симондс на Твитер.
Британскиот премиер Борис Џонсон беше позитивен на тестот за корона вирус и е во самоизолација, одвоено од неговата вереница. Иако се чувствува подобро, како што и самиот рече во видео порака, ќе остане во карантин затоа што сè уште има температура, што е еден од главните симптоми на Ковид-19