УЕФА има намера да го заврши натпреварот во сезоната Лига на шампиони 2019/20 најдоцна до 3 август. Ова го изјави претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин.
– Прифатливо е ако одложувањето важи за мај, јуни или најкасно јули, но ако до август не заврши сѐ, целата кампања 2020/21 би се преместила за на есен. Сега сето ова е само теоретски, затоа што се занимаваме со итен случај. Но, Лигата на шампионите треба да заврши пред 3 август, изјави Чеферин.
Тој побара флексибилност околу плановите за обновување на ЛШ во мај, јуни и јули.
Претходно, Лигата на шампионите беше прекината поради пандемијата на корона вирус.