ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

18: Речиси 30.000 ученици добиваат по 10 GB интернет за да следат настава, најранливите граѓани се најневнимателни, ЕУ донира средства и на земјите надвор од Унијата, пожарот кај Чернобил се засилува

Настаните до 18,00 часот.

April 7, 2020 17:18
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ГЕНЕРАЛНИОТ секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на својот Фејсбук профил сподели фотографии од Св. Николе и Лозово, каде се донирани 360 пакети за социјално загрозените.

СПОРЕД најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.365.065 лицa заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 76.488, а оздравеле 293.879 луѓе.

TРИ нови лица од Кочани се заразени од корона вирусот.  Вкупниот број на евидентирани случаи од 1 април досега е 17. Од лицата над кои полициските служби постапуваат според решенијата за здравствен надзор и изолација, 9 случаи се во Зрновци, а 33 во Кочани.

ТРИЕСЕТ илјади ученици во основно и средно образование од 18.400 социјално загрозени семејства во земјава ќе добијат картички за мобилен интернет со капацитет од 10 гигабајти месечно од „Македонски телеком“ за да пристапат на интернет само за  платформите за далечинско учење одредени од Министерството за образование и наука.

МИНИСТЕРСТВОТО за труд и социјална политика ги следи и одговара на потребите на ранливите групи  на граѓани. Заедно со УНДП направивме услуга која ќе излезе во пресрет на лицата со попреченост и старите лица. Ќе се започне со поддршка на овие лица во 27 општини за олеснување на нивното секојдневно функционирање.

ВЛАДАТА на Република Северна Македонија редовно ја информира јавноста за начинот и организацијата како се вршат активностите за враќање на македонските граѓани, кои се најдоа во странски земји, и прифаќањето во нашата држава за време на вонредната состојба предизвикана од корона вирусот.

ПОВОЗРАСНИТЕ се најзагрозени од последиците на корона вирусот Ковид-19. Официјалните податоци покажуваат дека лицата над 60 години најтешко ја надминуваат заразата, а оние што имаат и други болести, поголем број од нив не можат ниту да го преживеат вирусот.

БРЗИОТ, навремен и квалитетен проток на информации е клучен за компаниите во кризнава ситуација и во тој контекст го поздравуваме почетокот на работа на контакт-центарот на Владата за економски прашања поврзани со кризата од корона вирусот, порачуваат од Стопанската комора на Македонија.

МИОА досега издало 27 илјади дозволи за движење во тек на воведениот полициски час поради вонредната состојба со коронакризата за различна категории претставници на институции или други категорија граѓани. Таква дозвола може да добијат и оние кои негуваат немоќно и болно лице, информира денеска ресорниот министер Дамјан Манчевски.

ПРИЛЕПСКИОТ градоначалник Илија Јованоски апелира до банките да ја засилат редарската служба за да не се случуваат сликите пред банките со огромни редици на збиени граѓани пред влезовите.

АМЕРИКАНСКАТА амбасадорка во земјава Кејт Брнс денеска се приклучи на онлајн средбата со министерот за здравство Венко Филипче и претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Северна Македонија, Џихане Тавилах.

ЕВРОПСКИОТ комесар за финансии Јоханес Хан изрази загриженост поради вонредните закони донесени од Унгарија, што му дадоа на премиерот Виктор Орбан особено високи овластувања.

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево најави дека ЕУ ќе обезбеди над 15 милијарди евра за да им помогне на земјите надвор од Унијата да се справат со пандемијата на Ковид-19 и нејзините последици.

ПОЖАРОТ кој изби пред два дена во близина на нуклеарната централа Чернобил, се прошири денеска на околу 35 хектари земјиште, соопшти украинското Министерство за вонредни ситуации.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk