ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Костова: Мизерна е таа лакомост на религиозните лидери, кои наместо да проповедаат мир, пропагираат угнетување на маргинализираните

Имаат ценовници и скапо ги наплаќаат своите „услуги“ на верниците, а за огромните приходи ниту еднаш немаат платено данок.

April 9, 2020 15:25
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПАНДЕМИЈА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државата да им помогнала на религиозните институции. Истите религиозни институции чии лидери во ек на пандемија отворено и дрско поттикнуваат непочитување на мерките и ширење на заразата. Тие со децении пропагираат назадни практики за угнетување на маргинализираните, пишува Кристина Костова на Фејсбук. „Наметнуваат свои привилегии и ги штитат лакомостите на другите вечно привилегирани инстанци.
Истите религиозни институции отворено работат на поделба на населението на основ на вера, ама и на основ на етникум.

Во самите свои редови ги дискриминираат и категоризираат верниците во помалку или повеќе заслужни за молитва, божја заштита или не знам што.

Имаат ценовници и скапо ги наплаќаат своите „услуги“ на верниците, а за огромните приходи ниту еднаш немаат платено данок.

Бедна и мизерна е таа лакомост на религиозните лидери, кои наместо да проповедаат мир, хармонија, наместо да им ја дадат духовната поддршка што им треба на верниците, отворија олкави усти за пари.
Ко малку да им се неоданочените милиони што ги напластуваат со децении.

Секако, со денешните испади си ги покажаа вистинските намери.
Нема ништо духовно или побожно во религиозните лидери, ниту, пак, во она што го пропагираат.
Само алчност, лакомост и парољубие што си ги задоволуваат на грбот на наивните верници.

Од МПЦ велат најголемите приходи ги правеле за време на Велигден.

Тие приходи ги земаат од народот, а за истите не ѝ даваат ни денар на државата.
Исто постапува и ИВЗ и секоја друга религиозна институција што со децении го ужива „прогледувањето низ прсти“ на државата.

Државата конечно треба да го регулира секој аспект од функционирањето и работењето на религиозните институции, особено финансискиот.

Дури потоа може да се разговара за државна помош“, вели Костова во својата фесјбук објава.

Next Post

Починат притвореник во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk