ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општината Шуто Оризари бара граѓанските организации да не спомнуваат улици со заболени

Самото спомнување на улицата кај жителите, каде има над 400 домаќинства, создаде паника и дополнителна стигматизација на дел од лицата кои изминатиов период допатуваа од странство и беа во самоизолација

April 9, 2020 17:47
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Општината Шуто Оризари има околу 2.000 семејства што се под зголемен социјален ризик поради неможноста да ги извршуваат своите работни дејности, а на дел од нив, локалната самоуправа им дистрибуира пакети со хигиенски средства и храна. Како што соопштија од Кризниот штаб на општината, треба да се разгледаат и донесат посебни мерки, ако има појава на позитивни лица на корона вирусот, онаму каде што нема услови за соодветна самоизолација и домашно лекување. А, доколку се појават вакви случи, локалната самоуправа ќе побара помош и поддршка од Владата, МТСП и Министерството за здравство.

„Апелираме до граѓанските организации да не ја информираат јавноста за заболени по улици, како што е случајот со „Брсјачка буна“. Самото спомнување на улицата кај жителите, каде има над 400 домаќинства, создаде паника и дополнителна стигматизација на дел од лицата кои изминатиов период допатуваа од странство и беа во самоизолација. Кризниот штаб во моментов не располага со официјална информација дека на оваа улица има лица позитивни на Ковид19 и секоја наша информација до јавноста е без спомнување на улиците. Апелираме истото да го следат и оние кои известуваат за случувањата во општината, со уште една напомена за целта на ваквото известување: креирањето на паника помеѓу населението, е најмалку потребна во овој период“, се вели во соопштението од Кризниот штаб.

Реакцијата следува откако вчера невладини организации соопштија дека постои ризик од ширење на корона вирусот во Шуто Оризари, кога беше дијагностицирано лице позитивно на Ковид-19 и три семејства со повеќе членови беа ставени во задолжителна самоизолација.

Беше посочено дека тие живеат во една од најзагрозените населби во Општината, на улица „Брсјачка Буна“, во импровизирани живеалишта, без проточна вода, канализација и струја, без можности да ги применат основните мерки за заштита во случај на заболен член од семејството, како што се физичка дистанца, редовно миење на рацете, дезинфекција на површините, носење на заштитни маски и слично.“

Next Post

Четири медицински сестри во Куманово позитивни на корона вирус

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk