Денеска во општина Прилеп се регистрирани 4 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот, со што вкупниот број се искачи на 50. Во самоизолација се наоѓаат 159 лица. Изминатата ноќ едно лице не го почитувало полицискиот час и против него е поднесена соодветна пријава.
Сервисни информации за работата на маркетите, аптеките и волонтерската служба на Општина Прилеп, за време на забраната на движење во Прилеп во сабота и недела, 11 и 12 април:
Дежурни маркети:
„ФУТУРА“………………………..тел: 075 395 408, „СТИБЕРА“………………………тел: 076 741 572 „ИРНЕКС“….тел: 075 308 683, „ТИНЕКС“………………………..тел: 071 275 684 „БОНИТА“……………………….тел:070 353 609, „ЏИМИ МАРКЕТ“……………..тел: 076 790 772, „МЕГА МАРКЕТ ПАТА“…….тел: 070 259 199
Работното време на маркетите е од 07.00 до 15.00 часот, доставата на нарачаната роба маркетите ја вршат со сопствен превоз.
Дежурна аптека: „Каракаш 2“…..тел:072 573 175
Работното време на аптеката е 24 часа Волонтерска служба на Општина Прилеп: Контакт телефони: 048 401 700 и 0800 00 210 Во деновите од викендот, сабота и недела, волонтерската служба на Општина Прилеп ќе биде достапна 24 часа, исклучиво за доставување на лекарства.
На земјоделците од општина Прилеп кои имаа пријавено штети настанати од невремето во 2018 и 2019 година, Општина Прилеп денеска им ги исплати предвидените средства. На 1.444 лица, исплатени им се вкупно 39 милиони денари.