ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски и неговата „јуначка“ дружина не почитуваат ни закон, ни црква, а ни од корона вирусот не се плашат

Мицкоски и неговата јуначка дружина денеска не ја почитуваа законската забрана, а покажаа и непочитување на црковните препораки и апели да се остане дома и за Велигден.

April 17, 2020 20:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред извесно време, Фронтлајн за јавноста откри дека техничкиот министер за внатрешни работи не се појавува на седниците на Кризниот штаб и на Владата. Тоа се двете места каде што секојдневно се носат важни одлуки, често тешки и деликатни, каде што учеството на еден ресор како што се внатрешните работи на државата е извонредно важно. Но наместо во Кризен штаб и во Влада, техничкиот министер за внатрешни поита да се слика на скопскиот аеродром, во близок контакт со странски државјани.

На прашањето од Фронтлајн дали ќе се побара самоизолација од техничкиот, одговорот беше дека протоколите важат за сите. Тој не појде во самоизолација, да се надеваме затоа што здравствените власти сметале дека не бил доведен во опасност. А можеби и не можат да го најдат… И по објавата на Фронтлајн, според нашите извори, техничкиот на МВР се појавува само „чат-пат“, како што ни беше кажано.

Можеби нередовноста на техничкиот на МВР во Кризниот штаб и во Владата доведе до ситуацијата за која денеска се коментира во јавноста: „Пред многу цркви денеска немало полиција, со што легитимно се поставува прашањето дали министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја сработил својата работа во однос на правилно распоредување на припадници на полицијата пред верските објекти или не“, се прашуваат во Центар.мк.

Навистина, во денови кога и Армијата распоредува свои војници да одржуваат ред пред продавници, навистина е симптоматично отсуството на полицијата пред црквите. Изгледа дека првиот човек на техничката влада, Оливер Спасовски, ќе мора сериозно да поразговара со првиот човек во ресорот кој е еден од најзначајните и во нормални услови, а камоли среде вонредна состојба.

Вниманието на јавноста денеска го привлекоа и написите во дел од медиумите и на социјалните мрежи, каде што се појавија коментари за однесувањето на шефот на нередовниот технички министер, Христијан Мицкоски. Имено, Мицкоски се состана со својата дружина уште на првиот ден од завршувањето на неговата самоизолација. Наспроти бројните повици и препораки на сите институции, па и на црквата, верниците да го прослават овој Велигден во домашни услови, тој со својата дружина тргна в црква. На забраната за групирање на повеќе од двајца, тој „јуначки“ ѝ се спротивставува со група од петмина, броејќи го и него.

Што сака да постигне Мицкоски, а што неговиот партиски колега од МВР? Дали се координирани овие постапки и однесување? Дали можеби се работи за охрабрување на луѓето да не ги почитуваат забраните и препораките за спречување на ширењето на заразата од корона вирусот? Да се надеваме дека не. И конечно, со што може да се пофали Мицкоски во текот на оваа криза? Дали нешто направи за јавниот интерес, за здравјето на луѓето, да им олесни во тешките мигови? Или, еве, да не одиме подалеку, од каков јавен интерес е денешната парада на Мицкоски во црквата Свети Четириесет маченици? Бидејќи, како што кажа омилениот отец Пимен, нема да се случи Христос да не воскресне оваа година поради тоа што народот не може да дојде в цркава.

Додека чекаме на одговорите, останува да се установи фактот дека Мицкоски и неговата јуначка дружина денеска не ја почитуваа законската забрана, а покажаа и непочитување на црковните препораки и апели да се остане дома и за Велигден.

За другите аспекти на денешната постапка на Мицкоски, оние повеќе политичките, и да не говориме.

Џ. Дерала

Tags: Велигденкорона вирусМицкоскипрепоракицрква
Next Post

Манчевски: Предмет сме на организирана кампања за ширење на лажни вести во однос на 5Г

НАЈНОВО

Само четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025

November 3, 2025
Скриншот

Хаити во тридневна жалост по ураганот „Мелиса“

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk