ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Велес 12 новозаболени од Ковид-19, бројката се искачи на вкупно 55 лица

Денеска едно лице кое оздравело е пуштено дома, со што бројката на излекувани кои лежеле на Инфективното одделение во Велес од почетокот на епидемијата до денес е тројца.

April 18, 2020 18:03
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Велес во изминатото деноноќие се регистрирани нови 12 заболени од Ковид-19 со што бројката на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 55, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

Како што појаснуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, станува збор за четири лица поврзани со веќе постоечки кластер кои се наоѓаат на лекување на Инфективното одделение во Општата болница во Велес;четири лица се  членови на семејство на лице вработено во трговска дејност; две лица вработени во трговскиот сектор и две лица вработени во Центарот за јавно здравје – Велес.

–Поради новонастанатата ситуација ве известуваме дека пунктот на Центарот за јавно здравје – Велес нема да работи во вторник (21 април 2020г.) поради тестирање на можните контакти со инфицираните вработени во центарот. По утврдување на фактичката состојба јавноста благовремено ќе биде информирана за продолжувањето на активностите на Центарот, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

Инаку на Инфективното одделение во ЈЗУ Општа Болница во Велес како што информира за МИА, портпаролот д-р. Весна Неделковска Николова моментално има 19 пациенти од кои 16 се потврдени случаи на Ковид-19, а за тројца се чекаат резултати.

Денеска едно лице кое оздравело е пуштено дома, со што бројката на излекувани кои лежеле на Инфективното одделение во Велес од почетокот на епидемијата до денес е тројца.

Д-р Неделковска Николова информира дека еден пациент младо момче на 30 – тина години поради влошување на здравствената состојба денеска е препратен на  Инфективната клиника во Скопје. 

Next Post

Трипуновски лаже тутунопроизводители дека нема пари за субвенции

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk