ДЕНЕС на седница Владата ќе ја разгледува можноста за намалување на времетраењето на полицискиот час и олеснување на движењето на помладите и повозрасните.
ПОТРЕБНО да се изврши избор согласно новите законски одредби, што ќе значи департизирање и професионализирање и на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТ. Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата.
МАКЕДОНСКАТА ИТ компанија изработи платаформа Македонијапомага која треба да биде мост меѓу оние на кои најмногу им е потребна помош во сегашните отежнати услови на живеење поради пандемијата предизвикана од корона вирусот и оние кои можат и сакаат да им помогнат.
Во ПРИЛЕП, Куманово и Тетово од денеска е задолжително носење маска, марама, шал или било што за да се покријат устата и носот. Целта за тоа, според донесената владина мерка, е да се создадат услови за повеќе движење, а притоа да се гарантира заштитата.
ФРОНТ: Сашо Ордановски: Тричковски е нашиот Шарли Ебдо – ако ви чини!
Во ГЕРМАНИЈА во изминатите 24 часа потврдени се 2.237 случаи на корона вирус, со што бројот на инфицирани во земјата се искачи на 145.694, соопшти Институтот за инфективни болести Роберт Кох.
ДЕНОТ на планетата Земја, 22 април, со кампања на НАСА за седење дома.
БРИТАНСКАТА Влада „вложува сè“ за развој на вакцина против корона вирусот, изјави денеска министерот за Мет Хенкок.
ВРЕМЕТО во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
СООБРАЌАЈОТ на државните патишта се одвива по влажни коловози.