ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

СДСМ ги повика кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки од позициите во советите на АВМУ и Програмскиот совет на МРТВ

April 21, 2020 23:50
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од политичките изјави и прес конференции, во АКЦЕНТИ се издвојува прес конференцијата на Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ. Нејзината изјава се надоврзува на веста за напредокот кој нашата земја во бележи и оваа година во сферата на слобода на медиумите, според извештајот на Репортери без граници.

Според извештајот, Северна Македонија бележи скок од три места во однос на минатата година, а во споредба со 2016 година, кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, се бележи подобрување од 19 места.

„Во 2016 година се шепотеше, сега гласно се зборува. Спроведените реформи, демократското владеење, почитувањето на човековите права и слободи, придонесоа за напредок на нашата држава во однос на слободата на медиумите. Секако дека има уште предизвици и треба да се продолжи со реформите и со постојано унапредување на медиумските слободи. Репортери без граници во своите извештаи како проблем редовно го издвојуваат работењето на Националниот јавен сервис, кој според Извештајот на оваа организација, сѐ уште е под контрола и во функција на ВМРО-ДПМНЕ“ – изјави Калеска-Ванчева.

Критика за работата и потреба од подобрување на независноста на јавниот сервис беше нотирана и во извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја, потсети Калеска-Ванчева.

„ВМРО-ДПМНЕ, со месеци свесно го кочеше  изборот на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ. ВМРО-ДПМНЕ е последниот кочничар на медиумските реформи и последен столб на остатоците од груевизмот“ – рече Калеска-Ванчева и, во името на СДСМ, ги повика кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да дадат неотповикливи оставки од своите позиции како членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и да се отворат вратите за нивна целосна професионализација.

„Потребно да се изврши избор согласно новите законски одредби, што ќе значи департизирање и професионализирање и на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТ. Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата. Реформите мора да продолжат во интерес и на државата, на граѓаните, но и на медиумите“ – заклучи Калеска-Ванчева на денешната прес конференција посветена на медиумските слободи, а по повод најновиот извештај на Репортери без граници.

Tags: АВМУВМРО-ДПМНЕмедиумимедиумски слободиМРТРепортери без границиСДСМ
Next Post

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk