ФОНДОТ за иновации и технолошки развој произведе подвижен UV стерилизатор и го донира на Министерството за здравство на Република Северна Македонија во борбата против корона вирусот.
СОПРУГАТА на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска им се обрати на жртвите на семејно и родово базирано насилство преку видео порака во која вели „Постои излез, без разлика на пандемијата“
ОРГАНИЗАТОРИТЕ на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2020“ во Гостивар ги објавија имињата на поетите кои влегоа во финалето и ќе конкурираат за фестивалските награди.
ВЛАДАТА обезбеди 100.000 заштитни маски за граѓаните на Куманово, Прилеп и Тетово, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
ПО еден од текстовите на Фронтлајн за промоција на домашниот туризам, поточно за охридската ривиера, се чини дека конечно излегоа на површина сите оние ставови за нивото на услужливост и професионалност на туристичките работници во Охрид.
СПАСОВСКИ: Олабавувањето на полицискиот час во ниту еден случај не е поради верскиот празник Рамазан. Се прави план за опоравување на економијата по сектори и почнува враќањето на животот во нормала, но тоа ќе оди постепено.
СВЕТСКИОТ ден на ветеринарната професија е воспоставен во 2000 година од страна на Светското здружение за ветеринари (WVA) и се слави секоја последна сабота од април.
ГЛАВНИОТ научник на НАТО, доктор Брајан Велс го промовираше „Предизвик на главниот научник на НАТО“, во кој повикува на решенија за откривање на вирусот, подобрена свест за ситуацијата, деконтаминација, флексибилност и иднината после Ковид-19.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина Франческо Рока ги повика владите да почнат да размислуваат за нешто слично на Маршаловиот план, широка операција која им помогна на земјите да закрепнат по Втората светска војна.