ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ИЈЗ: Досега за Ковид-19 се тестирани над 15.000 лица, најмногу од смртните случаи биле над 60 години

Од останатите статистики со кои излезе Институтот за јавно здравје, се нагласува и дека речиси 80% од починатите од Ковид-19 имале претходни дијагнози кои предизвикале компликации.

April 28, 2020 10:28
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците на Институтот за јавно здравје, најголем број заболени во земјава се на возраст од 50 до 59 години, 292 случаи односно 20,9 отсто, каде е регистрирана и највисока специфична инциденца, додека најмала инциденца од 22,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 10-19 и 0-9 години, каде се пријавени 56 и 51 случаи соодветно.

Кај лица над 60 години регистрирани се 287 случаи со инциденца од 74,9 на 100.000 жители.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 662 машки и 737 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 63,9 на 100.000 жители, додека кај женските 71,4 на 100.000.

Регистрирани се 65 смртни случаи, 4,6 отсто. Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 11,2 на 100.000 жители. Регистрирани се 46 смртни случаи кај лица од машки и 19 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 50 (76,9 отсто) се регистрирани коморбидитети.

Од пријавените случаи, 22,9 отсто, односно 320 се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или сѐ уште се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,8 отсто), кашлица (53,2 отсто), малаксаност (34,7 отсто), треска (19 проценти), главоболка (16,4 отсто), болка во грло (15,8 отсто) и отежнато дишење (15 отсто).

Кај 485 или 34,7 отсто од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 344 или 70,9 проценти имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво, 107 лица, е регистриран на 15 април.

Од 15 февруари до 26 април тестирани се вкупно 15.409 материјали (детектирани 1.399 позитивни лица).

Според место на постојано живеење или повремен престој, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 27 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово и Прилеп, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга.

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европа за понатамошно ширење на КОВИД-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на КОВИД-19 во Република Северна Македонија е многу висок, наведува Институтот за јавно здравје.

Next Post

Богдановиќ: Ќе има вештачење за неодговорното работење во Центар во 2009 година

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk