Гоце Делчев е обединувачки симбол на македонската независност! Додека беше жив, Гоце Делчев беше срцето на македонската револуционерна организација која се бореше за полна политичка автономија на Македонија и на Македонците. По неговата трагична смрт, Гоце Делчев стана срцевината на политичката идеја за македонската независност и неприкосновен идол на генерации Македонци кои се бореа за остварување на таа идеја, напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на неговиот фејсбук профил по повод одбележувањето на 117-годишнината од неговата смрт.
-Борците од Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ кои го кренаа востанието за народно ослободување носеа значки од Гоце Делчев на реверите и капите, а борците од бригадата „Гоце Делчев“ учествуваа во ослободувањето на Штип и Тетово.
И чествувањето на Гоце Делчев треба да обединува, исто како што обединуваше Гоце Делчев како водач на македонското револуционерно дело, пишува Заев.