МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче, преку пост на Фејсбук ги соопшти податоците за состојбата со корона вирусот кај нас во изминатите 24 часа. Направени се 275 тестирања, има 24 оздравени пациенти, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција по состанокот со коалициските партнери на кој се дискутирало за можноста за избори штом се создадат услови, за постабилна политика на земјата во можен втор бран од Ковид-19 наесен.
За СНИМКИТЕ кои вчера се појавија во јавноста, а на кои се слуша гласот на Заев, тој рече дека со нив само се докажале политиките на СДСМ и неговите ставови за борба со криминалците и криминалот, па ги нарече аудио материјалите „афирмативни“ за нивните политики.
ДВОЈНО намален бројот на пожари во домовите и во шумите, но и интервенција за извлекување на човек со прекумерна телесна тежина од када, бележи билтенот на скопската пожарна во време на пандемијата и првото тромесечие од оваа година во спредба од минатата година во истиот период.
ЗАВРШНИОТ концерт во рамки на програмата Култура во време на корона вечер во 20 часот ќе го одржи музичката група Суперхикс на плочникот кај зградите до Педагошкиот факултет во општината Карпош.
По ПОМАЛКУ од два месеци, Грците го поминуваат првиот викенд без ограничувања и можност за слободно движење, а се чини дека го користат максимално со оглед на тоа дека во текот на вчерашниот ден особено зголемена беше раздвиженоста, не само во Атина, туку и во другите грчки градови.
А. Н. Стојчевски