ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Некои јавни објекти почнуваат денес со работа, направени над 19.000 коронатестови кај нас, изгоре автобус…

Утрински преглед на настаните.

May 13, 2020 08:03
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЦАРОВСКА, во гостување на Алсат телевизија: Градинките треба полека да се стават во функција, не со полн капацитет, не со бројот на деца кои што предходно сме го имале, но секако со посебни протоколи.

Од ДЕНЕС почнуваат со работа моловите, спортските и други обложувалници преку шалтер, центрите за едукација, обука и семинари за возрасни, автошколи, автоиспитни центри, а се отвора и Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас – Скопје.

ДОСЕГА во земјата се направени вкупно 19.430 тестирања на Ковид-19. Активни пациенти во овој момент се 377 лица.

ДЕНЕС започнува скринингот за оние групи граѓани чии работни места вклучуваат поголем ризик од изложеност на вирусот Ковид-19.

ВЛАДАТА на Република Северна Македонија на седница го усвои Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на корона вирусот кој ќе се реализира во три фази.

ЦАРОВСКА: Падот на приходите е помал од она најдрастично сценарио. БДП сепак најмалку ќе падне во нашата држава во споредба со земјите во регионот.

ЗАЕВ: Водењето грижа за здравјето на граѓаните е обврска на сите институции и час поскоро нив треба да ги ставиме во функција, а тоа се Парламент и политичка Влада коишто ќе носат одговорност.

МИНИСТЕРКАТА за одбрана, Радмила Шекеринска, го најави доаѓањето на мултинационалната бригада на НАТО на Југоисточна Европа која обединува 6 земји.

ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА Мила Царовска: Избори треба да има час поскоро, но важно е да го следиме и здравствениот аспект, во моментот кога ќе има можност и ќе се создадат услови од здравствен аспект да се одржат изборите.

СОВЕТНИКОТ во Владата, Фатмир Битиќи, во гостување во ТопТема, повика пред сѐ на смиреност и рече дека сѐ уште се работи на стратегии кои ќе помогнат во рестартирање на економијата.

ПРИВАТЕН автобус за јавен превоз се запали изутринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје.

ГЕРМАНИЈА мора да им помогне на своите соседи во Европската унија да ги обноват економиите откако ќе заврши кризата со корона вирусот, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со пратениците од нејзиниот политички блок.

СВЕТСКАТА здравствена организација соопшти дека се фокусираат на понатамошно истражување на 4 до 5 од вакцините кои ветуваат добри резултати по некои од пробните третмани досега.

ФЕЈСБУК тврди дека во првиот квартал од годината отстранети се околу 4,7 милиони објави поврзани со организирани групи кои промовираат омраза, споредено со 1,6 милиони што биле отстранети во претходниот квартал.

ВРЕМЕТО во земјава ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

 

А. Н. Стојчевски

Next Post

Грција денес очекува предлози за туризмот од ЕК, а потоа ќе го претстави својот план

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk