ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕК препорачува координирано отворање на границите во ЕУ

Луѓето во Европа треба да имаат можност да земат „заслужен одмор“, стои во стратегијата, истовремено и да им се овозможи на земјите безбедно да ја рестартираат туристичката индустрија.

May 13, 2020 13:19
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Комисија (ЕК) ги објави своите препораки до земјите членки на ЕУ за укинување на рестрикциите и постепено отворање на границите во ЕУ. Препораките важат и за Западниот Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во пресрет на летните одмори, Европската Комисија бара земјите членки на Унијата да се водат од нејзините препораки за да се спаси туристичката сезона, а истовремено да се сведе ризикот од втор бран на Ковид-19 на минимум.

Комисијата во пакетот презентиран денеска пред јавноста смета дека укинувањето на рестрикциите треба да оди во фази, на координиран и флексибилен начин (што значи дека мерките треба да можат повторно да бидат воведени доколку биде потребно) и врз основа на епидемиолошките податоци.

Луѓето во Европа треба да имаат можност да земат „заслужен одмор“, стои во стратегијата, истовремено и да им се овозможи на земјите безбедно да ја рестартираат туристичката индустрија.

Конкретно, земјите треба да оценуваат дали може да се отворат граници и со кои земји врз основа на епидомиолошката состојба, а се препорачува земјите со слична состојба да се координираат, посебно доколку се соседи. Европската Комисија сака да им даде приоритет на прекуграничните активности во клучните области, како и на патувањата од лични и семејни причини.

Од земјите членки исто така се очекува да не дискриминираат, што значи дека не би смеело да забрани влез за граѓани од земја со слична епидемиолошка слика како и друга земја за која е дозволен влез.

Комисијата сака, исто така, да види ефикасна координација помеѓу земјите членки во однос на активирањето на сите средства за превоз – авион, воз, брод, итн. – со јасни правила за употреба на заштитната опрема и протоколи за патници со симптоми на коронавирусот. Истото важи и за хотелите, и други угостителски објекти.

Според извршната власт, ќе биде важно земјите членки да обезбедат и интероперабилност на апликациите за следење на граѓаните за тие да можат да бидат навремено информирани за кластери на зараза додека патуваат. Секако, апликациите мораат да ги почитуваат правилата за заштита на личните податоци, да бидат привремени и да се користат на доброволна база.

Комисијата сака да ги направи ваучерите за патувања трајна и одржлива алтернатива во случај на откажано патувања, со валидност од дванаесет месеци, под истите услови и за истата рута.

Туризмот во ЕУ претставува десет отсто од бруто домашниот производ на заедницата, а 78 отсто од граѓаните во ЕУ го поминуваат летниот одмор во друга земја членка. Се очекува туризмот да биде меѓу најпогодените гранки на економијата поради здравствената криза./МИА/

Next Post

Град Скопје постави нов дрворед на Партизанска

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk