Град Скопје продолжува со зазеленување на јавниот простор во метрополата. Откако плоштадот доби сосема нов и освежен изглед, денес беше поставен нов дрворед на пешачката патека на почетокот од булеварот Партизански Одреди во Скопје.
Како што информираат од градската управа, станува збор за дрва од видот даб.
Екипите на Град Скопје изминативе денови работат на формирање нов дрворед на бул. Партизански одреди, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.
На потег од крстосницата со бул. ВМРО до крстосницата со бул. Свети Климент Охридски, со градежна механизација се отстранува дел од пешачката патека и се создава нов простор каде што се формира новиот дворед.
На оваа локација ќе се засадат 8 здрави висококвалитетни садници од видот даб, напишаа од град Скопје на Фејсбук.