Во ИЗМИНАТИТЕ 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и 24 оздравени пациенти.
МИНИСТЕРОТ за економија Крешник Бектеши, по пишувањата во дел од порталите дека бил хакиран системот на Министерството за економија и земени податоци за мејлови и пасворди од вработени, изјави дека не е направена никаква штета и мејловите што излегоа во некои портали се стари седум-осум години.
СОЈУЗОТ на здруженија на пензионерите на Македонија денеска предложи за граѓаните над 67 години да важат истите мерки за заштита од корона вирусот како и за останатото население.
СУДЕЊЕ за „Крвавиот четврток“: На почетокот на 2017 година осомничените подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта. За таа цел, ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“.
Во ОПШТИНА Прилеп денеска се евидентирани 5 нови случаи на Ковид-19, а од заразната болест излекувани се 7 пациенти, информираат од Општината.
Во РАМКИ на проектот „Млади македонски писатели“ кој го реализира Фондацијата и издавачка куќа „Македонија презент“ со поддршка од Агенцијата за млади и спорт, распишан е Конкурс за објавување дебитантско книжевно дело во едицијата Прва книга.
ГРАД Скопје продолжува со зазеленување на јавниот простор во метрополата. Откако плоштадот доби сосема нов и освежен изглед, денес беше поставен нов дрворед на пешачката патека на почетокот од булеварот Партизански Одреди во Скопје.
ЗАМЕНИЧКАТА на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, изјави дека тестирањето на кадарот во градинките од Ковид-19 е подготовка за постепено ставање во функција на овие установи.
СРБИЈА целосно ќе ги отвори границите од 1 јуни, но само со четири соседни земји, со Северна Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора. Оваа одлука е донесена затоа што ниту една од овие земји не била жариште на коронавирусот.
ЕВРОПСКАТА Комисија (ЕК) ги објави своите препораки до земјите членки на ЕУ за укинување на рестрикциите и постепено отворање на границите во ЕУ. Препораките важат и за Западниот Балкан.
А. Н. Стојчевски