МИНИСТЕРОТ за здравство Венко Филипче денеска во Атина оствари средба со неговиот грчки колега Василис Кикилиас на која разменија искуства за пристапот во лекување и превенција од ширење на корона вирусот, како и предизвиците со кои се соочуваат двете земји за време на пандемијата, информираат од Министерството за здравство.
МИНИСТЕРСТВОТО за труд и социјална политика излезе со соопштение како реакција на одлуката на Уставниот суд за укинувањето на Законот за заштита и спречување на дискриминација.
Во ГОСТУВАЊЕ во емисијата Евро Фокус на Телма телевизија, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, истакна дека во државата имаме електронски регистар на население, како и платформа за достава на електронски услуги на граѓаните.
МАНЧЕВСКИ: Ние донесовме одлука за намалување на платите на избрани и именувани функционери на минимална плата. Уставниот суд донесе Одлука со која што ја укина оваа Уредба. Од свои лични и себични побуди заради своите плати, Уставниот суд реши дека избраните и именуваните функционери не треба да имаат намалување на платите.
ПЕНДАРОВСКИ: Датумот за избори не е моја работа, јас сум само медијатор во тој процес. Целта е да се постигне консензус.
СУГАРЕСКИ: Гледам дека повторно се актуелизира прашањето на легалноста и законитоста на продажбата на градежните парцели кај Холидеј Ин. Ги охрабрувам институциите во најкраток можен рок да ги испитаат и расчистат сите околности во врска со овој предмет. Барам да се чешла секоја запирка и точка од постапката за продажба.
ПОПЛАДНЕВО, пет објекти изгореа во тетовското село Вејце, а за две лица интервенирала и брзата помош, бидејќи се задушувале од густиот чад. Едно лице е задржано во тетовската болница за понатамошно лекување, се вели во текст на 360 Степени.
РУСКИОТ бизнисмен Сергеј Самсоненко, по напуштањето на ракометниот, од денеска повеќе не е дел и од фудбалскиот клуб Вардар.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со корона вирус досега се заразиле 4.584.012 лица. Од нив починале 305.786, а оздравеле 1.735.836 луѓе.
А. Н. Стојчевски