Фејсбук пост на Кристина Костова:
Музичарите реагирале што не можеле да се прават свадби, а можело да се работи во погони.
Ама, во погонот сите не се фаќаат за раце, не играат ора, не се гушкаат и бакнуваат без престан, не лепат иљадарки на чело (тука е најголемата болка, нели?) ?
Коронавирусот е катастрофа, ама барем ја разоткрива тоталната непотребност од свадбената индустрија, создадена од еден куп услугодаватели кои и за редок воздух наплаќаат чудо пари, само затоа што им се може.
Свадбите не се насушно потребни, повеќето се бесмислена надокнада за важност, а понекогаш дури и борба за докажување социјален статус.
Дефинитивно се може (и треба) и без нив.