ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дескоска: Според Уставот, избори мора да има 22 дена по завршување на вонредната состојба

May 23, 2020 08:21
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според Уставот, изборите мора да се одржат дваесет и два дена по завршувањето на вонредната состојба, изјави вечерва министерката за правда Рената Дескоска во интервју за Канал 5, во кое ја елаборираше за владината уредба која се однесува на изборите.

Според министерката Дескоска, изборните дејствија се веќе започнати од страна на институциите, значи се преземени чекори за подготовка на изборите – истите се паузирани поради вонредната состојба, а продолжуваат онаму каде што застанале веднаш по завршувањето на вонредната состојба.

„Уредбата беше со цел да запрат изборните дејствија коишто беа почнати во времето кога веќе се прогласи вонредна состојба. Сите се сеќавате дека имаше прва лидерска средба на која се даде задача на експертите да размислуваат и да разговараат околу можностите за прекинување на изборните дејствија. Со оглед на тоа што не се свика Собранието… единствено можно правно решение за прекин на изборните дејствија е носењето на оваа уредба – што значи прекинување на тие дејствија коишто беа преземени, нивна правна валидност, а потоа по завршување на вонредната состојба тие ќе продолжат“, истакна министерката Дескоска.

Министерката истакна дека истото е прифатено и усвоено во заклучокот на Државната изборна комисија, потпишан од претседателот Деркоски, во којшто се вели дека „по завршувањето на вонредната состојба, ДИК ќе донесе ревидиран роковник во којшто ќе бидат предвидени оние дејствија коишто не биле преземени пред прогласувањето на вонредната состојба.

„Мојата порака е: Лидерите може да разговараат за одредени рокови или термини за избори, но тие термини мора да бидат во рамките на Уставот, со почитување на уставните одредби, бидејќи никој, ниту волјата на лидерите не смее да се стави над Уставот на нашата држава. Ако не се продолжи вонредната состојба, во тој случај изборите неминовно паѓаат дваесет и два ден по завршувањето на вонредната состојба“, порача Дескоска.

Според Дескоска, лидерите на политичките партии мора да бидат свесни дека во процесот на договарање на датум за избори, тие треба да ја земат предвид и волјата на претседателот да прогласи повторно вонредна состојба ако не се оди сега на избори, заради тоа што секој договор мора да биде во рамки на Уставот.

„Никој не може да се договара надвор од Уставот – од таа причина очекувам дека ќе имаат свест дека ние како држава не можеме да живееме долго време во вонредна состојба. Кога се прогласува вонредна состојба, мора да имате јасно утврдени причини за прогласување на вонредна состојба, а тоа значи да ги образложите. На крајот кога ќе заврши вонредната состојба, ние реферираме пред Советот на Европа образложувајќи ги причините зошто сме прогласиле вонредна состојба и мерките коишто се преземени. Навистина би било неодржливо во ситуација кога немате парламент, имате техничка влада, да живеете со месеци во вонредна состојба – тоа е нешто што во демократските земји е проблематично. Една од главните препораки на Советот на Европа е дека во вонредна состојба треба да имате демократски надзор од страна на парламентот“, потсети министерката Дескоска.

„Ако сакаме да зборуваме за пракса којашто постои во демократските земји – првата можност којашто ќе се отвори за организирање на избори мора да биде искористена со цел да ги вратиме во полн капацитет институциите и да се овозможи нормално функционирање и поголеми можности за справување со кризата“, поентира Дескоска.

Next Post

Градинките се отвораат на почетокот, а границите на средина на јуни, место државен карантин – домашна самоизолација

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk