ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Излезе од печат Лингвистички атлас на македонските дијалекти во издание на МАНУ

Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти ја прикажува лексичката разнообразност на македонската дијалектна територија реинтерпретирајќи ги македонските дијалектни материјали претставени во неколку веќе објавени лексички атласи на ОЛА.

May 26, 2020 13:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во издание на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) од печат излезе Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА), каде што се поместени 50 дијалектни карти и легенди кои ја покриваат македонската дијалектна територија претставена во мрежата на населени пунктови во рамките на Општословенскиот лингвистички атлас – ОЛА.

Како што соопштија од МАНУ, општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА) е еден од проектите на Меѓународниот комитет на славистите и има меѓународен, мултилатерален карактер. Во ОЛА се застапени 13 национални академии на науки и/или соодветни институти од сите словенски земји. Во атласите на ОЛА се картографираат резултатите од 3.454 дијалектни прашања собирани во преку 850 населени места на целата словенска јазична територија при што македонската јазична територија е застапена со 24 населени места.

– Со овој меѓународен проект, првпат во историјата на словенската лингвистика, според единствена програма и единствена транскрипција, се истражуваат сите словенски јазици и нивните дијалекти на огромна територија која тие ја зафаќаат на европскиот континент, велат од МАНУ.

Лингвистичкиот атлас на македонските дијалекти (според материјалите на ОЛА), додаваат, ја прикажува лексичката разнообразност на македонската дијалектна територија надоврзувајќи се и реинтерпретирајќи ги македонските дијалектни материјали претставени во неколку веќе објавени лексички атласи на ОЛА.

– Се надеваме дека овој Атлас ќе го најде своето место не само кај научната, туку и кај пошироката читателска публика и ќе придонесе за расветлување на некои процеси во развојот на лексиката на македонските дијалекти. Исто така, целта на овој Атлас е да го прикаже лексичкото богатство и разнообразност на македонските дијалекти и да одреди во колкава мера тие се надоврзуваат на словенскиот јазичен континуум, се наведува во соопштението.

Next Post

Спасовски: Се разговара со соседните земји и ЕУ за отворање на границите

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk