НОВИ 38 случаи на Ковид-19, оздравени 16 пациенти, тројца починати.
ВО соопштение испратено до јавноста Фармацевтската комора известува дека почина првиот здравствен работник во Македонија од корона вирус.
ИЗВЕШТАЈ на ДЗР: „Пошта“ со минус 10 милиони евра, директорите се осигурале со полиси.
ПРЕПОРАКИ на МОТ и ЕБОР за зачувување на работните места и заштита на бизнисите.
НА автопатот Кичево-Охрид се работи и дел од километрите наесен ќе бидат пуштени, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
БОЧВАРСКИ: Ниту кризата со коронавирусот не ја запре градежната офанзива.
ЛИТЕРАТУРНАТА манифестација „Илинден“ првпат по своето децениско постоење годинава се одржува на веб страната на Општина Илинден, каде читателите ќе може да прoчитаат дела на триесеттина реномирани писатели од земјата и од странство.
СУГАРЕСКИ: Само во моментов работиме на преку 20 проекти за изградба и реконструкција на водоводи и канализации вредни 10 милиони евра.
ВО општина Прилеп денеска нема ново заболени од коронавирус, додека четворица оздравеле од заразната болест.
КУЗЕСКА: Наќе Чулев поттикнува ургенции и го руши интегритетот на МВР.
ПОЗНАТИОТ македонски дизајнер и уметник Зоран Кардула, на интернет страната Slavorum.org објави дел од своите илустрации кои се посветени на познати припадници на руската авангарда.
КАЛЕСКА-ВАНЧЕВА: Го живееме новото нормално, заедно да го заштитиме здравјето и да ја рестартираме економијата.
ПАЗАРНИОТ ден во Кочани, по олабавувањето на мерките за заштита од КОВИД-19, ги врати излагачите на стока за широка потрошувачка на тезги на улицата „Гоце Делчев“, но само на тротоарот кај Кочанска Река, информираат од Општина Кочани.
НАЦИОНАЛНАТА галерија објави дека добила подарок од „Нов колективизам“, група словенечки уметници односно нивното дело создадено во времето на пандемија наречено „Нов светски поредок“. Делото ќе може да се види во објектот Мала станица во Скопје.
ОПШТИНА Центар подели 1000 пакети со храна за време на кризата.
ВО попладневните часови денеска на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
ЦЕРЕМОНИЈАТА на која легендата на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант требаше да влезе во „Куќата на славните“ во НБА, е презакажана за 2021 година. Ова е официјално потврдено на веб-страницата на лигата.
МУРИЊО: Тешко е да се гледа како во Германија играат фудбал, а во Англија не.
И.Е.