ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Патување во Грција од 15 јуни, денес 52 нови позитивни и 30 оздравени, можен карантин во некои места, 10.000 евра казна за Цаца, „Живели царе!“

Блок вести во 15,00 часот.

May 29, 2020 15:04
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во ПОСЛЕДНИТЕ 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на ковид-19 и 30 оздравени пациенти.

МИНИСТЕРОТ Филипче порача дека е можно  повторно да бидат воведени рестрикции во некои места ако тоа го наложи епидемиолошката состојба. Засега сѐ уште нема потреба од таква мерка зашто се следат кластерите на вирусот.

НАШАТА земја е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од Министерството за туризам на Грција.

Во ОПШТИНА Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а еден пациент оздравел од заразната болест, информираат од Општина Прилеп.

ВИЦЕПРЕМИЕРКАТА задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, беа во работна посета на трафостаницата во Валандово, каде што се во тек инвестициски активности за нејзина модернизација.

ДИРЕКТОРОТ на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, денеска направи увид во завршните активности на реконструкцијата на спортска сала „Зоран Стојановски”.

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Коста Петров, на прес конференција од седиштето на партијата, ја презентираше предвидената помош опфатена во третиот пакет економски мерки за поттикнување на домашната потрошувачка преку финансиска помош за граѓаните.

ДЕНЕС е отворен Центар за грижа за корисници на ЈП „Комуналана хигиена“ во управната зграда на претпријатието зад поранешен Скопски саем. На отворањето на Центарот присуствуваа директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани, директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски и градоначалникот Петре Шилегов, кој се обрати пред  присутните.

ОСНОВНОТО јавно обвинителство Скопје предлага поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија, д-р. сци. Нина Цаца Биљановска, која е обвинета за кривично дело – Пренесување заразна болест, да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра во денарска противвредност.

На ЈАВНАТА расправа, што трет ден се одржува во Апелацискиот суд за жалбите по пресудата за случајот „27 април”, Вишото јавно обвинителство со повеќе образложенија ги оцени жалбите на одбраната на обвинетите како неосновани.

МАСОВНО тестирање вчера е почнато на сите вработени во штипската конфекција, каде што деновиве се шири коронавирусот, но и на работничките од другите две конфекции кои се превезувале во истиот автобус со заразените до своите работни места.

ФРОНТ: Кафана не смее да трпи за една корона, чочекот го гледаш, Ковидот не! Живели царе!

ИЗМАМНИЦИ кои како мамка користат лажни написи од списанието „Форбс“ и анти-ЕУ дезинформации продолжуваат со кампањата насочена кон корисниците на Фејсбук од Европа, предупредува Фондацијата „Метаморфозис“ во изјава објавена во Скопје на 28 мај

ПОЖАРИ ширум Русија зафатија повеќе од 14.300 хектари шума, соопшти руската Служба за заштита на шумите и воздух. Од полноќ во Русија активни се повеќе од 34 шумски пожари, а противпожарните служби прават сè за да ги изгаснат огновите.

А. Н. Стојчевски

Next Post

Грант од 10,6 милиони денари од Светска банка за Општина Кочани, за регулација на дел од коритото на Кочанска Река

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk