Околу 11.20 часот два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиони на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Република Северна Македонија.
Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО.
Авионите ќе летаат долж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром.
Доколку временските услови го озвозможат тоа, заинтересираните граѓани ќе можат да го набљудуваат прелетот на американските авиони и авионите придружници од грчката воена авијација над Скопје.
Авионите над нашата земја ќе летаат на височина од 1.500 метри и нивниот прелет ќе биде проследен со силен звук. Демонстрацијата на овој прелет ќе биде уште една потврда за срдечниот прием на Северна Македонија во НАТО и сигнал за продолжување на соработката.