ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

18: Времено се затвораат 5 конфекции во Штип, можен карантин во некои општини, над 700 апликанти за субвенции за велосипеди…

Блок вести во 18,00 часот.

June 1, 2020 18:05
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

НЕВЛАДИНАТА организација „Гласен текстилец“ денеска упати барање до Општинскиот кризен штаб, кој во моментов има седница во проширен состав заедно со државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, да се затворат конфекциите во Штип времено.

Откако во изминатите неколку денови беа регистрирани вработени во конфекциите во Штип како позитивни на Ковид-19, на денешниот општински штаб за заштита и спасување, со присуство и на претставник од МЗ, управата на Штип донесе одлуки да се затворат 5-те конфекции.

ФИЛИПЧЕ: Околу 70 проценти од сите новите случаи се од веќе познати кластери пред се од општините Чаир и Сарај, каде интензивно се работело изминатите денови.

Денеска веќе во Сарај има само двајца новодијагностицирани, останува интензивна работа во Чаир, рече Филипче, а додаде дека се работи и во Студеничани.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на општина Бутел, Велимир Смилевски од вчера е во самоизолација, поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која е позитивна на Ковид-19.

ДИРЕКТОРОТ на центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи, денеска соопшти дека од 12 -те новозаразени од подрачјето кое го покрива Центарот, единасет лица се од општина Липково. Овие лица се поврзуваат со веќе познати кластери.

ЗА САМО еден ден од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во Град Скопје се поднесени 696 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед и 91 барање за субвенции за купен тротинет, соопштуваат од град Скопје.

ДИРЕКТОРИТЕ на регионалните здравствени инспекторати ја укинаа наредбата за задолжителен карантин на лицата кои влегле на територијата на Република Бугарија во периодот од 20.05.2020 до 31.05.2020 година, а се од земјите членки на Европската унија, од Србија и Северна Македонија.

По ПАУЗА од над два и пол месеци, под нови правила и прописи, утрово одново заѕвони првото ѕвонче и за учениците од основните училишта во Грција. По средношколците минатата седмица, денеска и основците се вратија во училишните клупи, а се отворија и градинките.

ВЛАСТИТЕ во Москва од денеска почнаа да ублажуваат одредени мерки воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, девет недели по нивното воведување, иако бројот на случаи продолжи да расте.

 

А. Н. Стојчевски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Краток филм на Спајк Ли како протест во чест на Џорџ Флојд

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk