Советникот на премиерот, Фатмир Битиќи, од денеска е во самоизолација, откако минатата недела имал средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Лукаревска претходно денеска соопшти преку Фејсбук дека е позитивна на Ковид-19.
„После вчерашната вест за позитивниот тест на Ковид -19 на Сања Лукаревска, а поради средбата која ја имав со нејзе минатата недела, од утрово, по насоки на епидемиолозите сум во самоизолација до 12 Јуни. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата.посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје“, напиша Битиќи на Фејсбук.
Во самоизолација е и премиерот Оливер Спасовски, кој на својот Фејсбук профил објави дека тестот за корона вирус што му бил направен е негативен, но оти останува во домашна изолација додека ги добие препораките од епидемиолозите.