ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различен став за избори на 5 јули, ДУИ е за датум со консензус

И лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев смета дека избори мора да има час поскоро, бидејќи, како што вели, време е нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието.

June 1, 2020 08:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владејачката СДСМ смета дека вонредните парламентарни избори треба да се одржат на 5 јули, бидејќи тој датум го исполнува и законскиот рок од 22 дена до избори по завршување на вонредна состојбата. За ВМРО – ДПМНЕ е несериозно граѓаните да гласаат на 5 јули, бидејќи земјава сега влегува во вториот пик од коранавирусот, а ДУИ пак е со став датумот за избори да се донесе со консензус.

-Посакувам политичките партии да имаат разбирање и консензус за почитување на Уставот и законите. Се разговараше, добро е за демократскиот капацитет сите политички партии да учествуваат на изборите, а во оној момент кога не можат да се договорат политичките лидери, одговорноста мора да ја преземаат институциите на системот, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски вчера во Куманово.

Тој ги повика сите партии, особено ВМРО-ДПМНЕ да преземат одговорни чекори и да бидат дел од решението, наместо да бидат извор на проблеми.

-Тврдењата дека изборите би го загрозиле здравјето на граѓаните, или дека треба да се одложуваат за наесен, се нелогични, додава Спасовски и вели дека државата, институциите можат  да обезбедат  безбеден изборен ден.

И лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев смета дека избори мора да има час поскоро, бидејќи, како што вели, време е нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието.

-Конечно изборите да ги оставиме зад нас и да гледаме напред кон новата македонска економија и кон справувањето со КОВИД-19, напиша на Фејсбук Зоран Заев.
И заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска од Битола порача дека изборите мора да се одржат на 5 јули.
-Потребно е час поскоро да организираме фер, слободни и демократски избори со кои ќе добиеме нови, легитимни институции со целосен капацитет, бидејќи само со целосен капацитет и полна сила на сите демократски институции нашата држава повторно ќе ги победи предизвиците, рече Шекеринска.

Наспроти нив, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски смета дека „фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно туку е морбидно, бездушно и нечовечки.

-За жал овие бројки секој ден се зголемуваат и морбидно и бездушно е да се говори на тема избори. Во моментов треба единствено да ни е во интерес здравјето на граѓаните и како да ја намалиме бројката на смртност бидејќи гледаме во моментов Република Македонија е со највисока смртност во регионот, рече Арсовски.

Од ДУИ велат дека принципиелно остануваат на ставот датумот за избори да се донесе со консензус, како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши во својство на партиски функционер.

-Подготвени сме и наредната недела да одиме на избори, но треба да ги имаме предвид препораките на Комисијата за заразни болести и ситуацијата со бројот на заразени, вели Бектеши.

Претседателот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност што се одржа во саботатa, меѓу другото, побара од лидерите на партиите да се договорат за датумот за изборите за да се добијат институции со полн капацитет, бидејќи „ситуацијата е премногу сериозна“.

Парламентарните избори првично беа закажани за 12 април, но поради состојбата со коронавирусот беа одложени. Потоа, претседателот Пендаровски на 18 март поради состојбата со коронавирусот првпат во државава прогласи вонредна состојба. Првите две одлуки за вонредна состојба беа во времетраење од по 30 дена, а третата и четвртата што почна вчера, во времетраење од по 14 дена.

Next Post

И министерот Манчевски во самоизолација поради остварени контакти со Зекири

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk