ПОЧНА полицискиот час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.
Од ВЧЕРАВЕЧЕР во 21 часот тече 80-часовниот полициски час за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.
СКОПЈАНИ ги испразнија маркетите пред најавениот викенд карантин, а над 20.000 автомобили беа евидентирани на излезите од главниот град.
„ПОВИКУВАМ на коректно однесување и давање на точна информација. Многу е важно луѓето да соработуваат и искрено да ги даваат одговорите затоа што така полесно, побрзо ќе ги најдеме контактите и ќе ги тестираме луѓето, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук.
Д-р ДРАГАН Даниловски посочи дека има неколку теории како ќе се одвива вториот бран на Ковид – 19. Но тој повеќе верува дека ќе се случи варијантата каде генерално на цела територија на државата нема да има жаришта, туку во одделни т.н. џебови или ќе имаме мали мини епидемиски случувања кои што како мали жарчиња лесно ќе се лоцираат.
РАБОТИМЕ на изработка на 20 респиратои кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови. Ќе може да ги користат сите оние кои имаат какви било проблеми со дишењето, вели кавадаречкиот иноватор Димитрија Ангелков, за проектот на компанијата во која е управител, а создавањето на машините одлучи да го поддржи Фондот за иновации и технолошки развој.
ЉУБЕ Бошкоски: Ова е за мене лично голема победа и предупредување – ниедна друга власт во иднина, посебно не извршната така брутално како во режимот на Никола Груевски да се меша во судската власт“, вели претседателот на Обединети за Македонија, откако Судот во Стразбур донесе пресуда во негова корист во врска со случајот „Кампања“.
ДВА пожара избувнаа во Росоман.
ВЕЌЕ издадените „трајни“ дозволи за движење на одредени категории граѓани продолжуваат да важат и за време на овој карантински викенд, од 5-ти до 7 јуни. Исти остануваат и процедурите за добивање дозвола.
ИЛЈАДНИЦИ луѓе ноќеска присуствуваа на комеморацијата на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој минатиот понеделник беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис.
ВРЕМЕТО претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови.
А. Н. С.