Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека ние немаме бегање од избори, туку имаме држава која нема Парламент и власта е концентрирана во Владата.
„Денот на гласање не е ништо поразличен од одење во кафана или маркет. Се е до културата на однесување во однос на заштитата од заразата и изборниот процес е нешто што мора да се случи за да добиеме фиункционален парламент и политички одговорна влада“, рече Муслиу.
Тој искрено не верува дека доколку изборите се на 5 јули, ќе имаме изборен процес каде нема да учествува опозицијата.
„Тие можат да го бојкотираат процесот и ако нивните аргументи се доволно одржани тогаш ќе имаме реакции од нашите меѓународни партнери. Ние сме сепак членка на НАТО, не сме сами на светот. Но, ако нечии аргументи се неиздржани тогаш само тој што не учествува ќе изгуби во целиот процес. Верувам дека сите ќе учествуваат. Од друга страна, во врска со ставот дека е задолжително да се постигне консензоус, па изборниот процес го прогласија сите консензуално. Ова се само детали. Предвремени избори беа закажани за 12 април. Ова се тие избори”, напомена Муслиу.