ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Повторно раст на заболени и починати од Ковид-19

Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на Ковид-19. 

June 11, 2020 08:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 125 случаи на Ковид-19 беа регистрирани вчера, што е повторно висока бројка на заразени од овој вирус. Најголем број новозаболени имаше минатата недела кога беа регистрирани 180 случаи. Од 1019 тестови што биле направени вчера, нови случаи има најмногу во Скопје – 89. Во Куманово нови четири, во Штип, Прилеп и Струмица по двајца, Тетово – 11, Струга три, Велес еден, Охрид осум и во Гостивар, Кичево и Ресен по еден новозаболен.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира и шест оздравени пациенти и тоа во Скопје и во Прилеп по еден и во Велес – четворица. Починаа седум лица од кои тројца од Скопје, еден од Штип, еден од Тетово и двајца од Струга.

 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вчера почина 79-годишен пациент од Скопје, на клиниката од 19 мај, потоа пациентка од Струга на 66 години хоспитализирана на 8 јуни, 54-годишна пациентка од Скопје примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово на 46 годишна возраст, која починала при прием во амбулантата.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје на 77 години примена на 8 јуни и 73 годишна пациентка од Струга примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.
Министерството за здравство вчера соопшти дека сите од наведените пациенти кои починале имале претходни коморбидитети, односно спаѓале во ризична група.

Од починатите на Инфективна клиника – 79-годишниот пациент од Скопје – Сарај, е хоспитализиран на 21 мај, лекуван претходно од TBC (туберколоза), пациентката 66-годишна од Струга-Лабуништа е хоспитализирана на 8 јуни, а имала висок крвен притисок и дијабет, пациентката – 54 години од Скопје – Студеничани е хоспитализирана на 5 јуни, а имала хронично обструктивна белодробна болест и гојазност.

Починатата пациентка при прием во амбулантата на Инфективната клиника спаѓа во најкритичните пациенти бидејќи била со трансплантиран бубрег. Таа со семејството вчера дошла на Клиниката за нефрологија со приватно возило во тешка состојба. И бил земен брис. Во тие 3-4 часа додека била на Клиниката била максимално згрижена, а потоа била упатена на Инфективната клиника,

Од починатите во ГОБ „8 септември“ – пациентката 77-годишна од Скопје, хоспитализирана на 8 јуни имала срцева слабост, пациентката (73 години) од Струга, примена на 7 јуни имала хронична леукоза, висок притисок и дијабет. Пациентите биле примени како сомнителни на Ковид и потврдени по прием. Пациентот 87-годишен кој почина во Штипската болница е лекуван болнички од 26 мај, а имал кардиоваскуларни заболувања.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.364, бројката на оздравени пациенти е 1.664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.536.

 

Вкупно најмногу активни случаи има во Скопје – 844, потоа во Штип каде има 186, во Куманово – 155 и во Тетово 145.

Во однос на дистрибуцијата по градови за вкупниот број, најмногу активни случаи со Ковид-19 и натаму има во Скопје – 844, а потоа следат Штип со 186 случаи, Куманово со 155 случаи, Тетово – 145.

Од 19 теста кои биле направени вчера во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на Ковид-19.

На Инфективната клиника вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На кислородна поддршка се 29, а нема пациенти на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респираторна машина се осум пациенти, a со потешка клиничка слика се уште осум пациенти.

 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 35 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Според податоците од ИЈЗ, скопската општина Чаир и натаму со најголем број активни случаи со Ковид-19 каде има 195 заболени, потоа следат Бутел со 72, Центар со 71, Аеродром со 67, Гази Баба со 66, Карпош со 64, Сарај со 58 случаи.

Активни случаи има и во Кисела Вода – 39,  Ѓорче Петров – 26, Студеничани – 24, Арачиново – 24, Шуто Оризари – 21, Илинден – 19, Петровец – 6, Чучер Сандево – 3, Сопиште – 2, а има и двајца странски државјани.

Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на Ковид-19.

Next Post

Прв случај на Ковид 19 во Ресен, вонредна седница на општинскиот кризен штаб

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk