ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Научна студија: Нагло опаѓа нивото на антитела по 2-3 месеци од оздравување од Ковид-19

Резултатите од студијата, објавени во списанието Nature Medicine, го прикажуваат ризикот од употреба на т.н. „пасоши за имунизација“ против Ковид-19 и ја поддржуваат тезата дека е потребно долго време  да се одржува социјална дистанца и да се изолираат ризичните групи на пациенти, велат научниците.

June 23, 2020 08:30
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Нивото на антитела кај пациенти кои оздравеле од Ковид-19 паѓа нагло два до три месеци откако инфекцијата се смирува, Тоа се нагласува во студија на кинески научници кај пациенти со симптоми и заразени без симптоми на болеста. Нивното откритие го поставува прашањето за времетраењето на имунитетот против новиот коронавирус, јавија западни медиуми.

Резултатите од студијата, објавени во списанието Nature Medicine, го прикажуваат ризикот од употреба на т.н. „пасоши за имунизација“ против Ковид-19 и ја поддржуваат тезата дека е потребно долго време  да се одржува социјална дистанца и да се изолираат ризичните групи на пациенти, велат научниците.

Здравствените власти во некои земји, како Германија, дебатираат дали е етичко и практично да им се овозможи на лицата за кои е утврдено дека имаат антитела кон новиот коронавирус да се движат послободно од другите.

Во кинеската студија истражувачите откриле дека оние кои се тестирале позитивно на антитела на имуноглобулин Г (IgG), имале остар пад од околу 90 проценти по два или три месеци. Овој вид на антитела е од суштинско значење за човечкото тело и го штити од вируси, бактерии и габи.

Авторите на студијата се научници од филијалата на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести и нивни колеги од други кинески институции.

– Студијата не ја исклучува можноста други делови на имунолошкиот систем да обезбедат заштита од новиот коронавирус, изјави Џинг Донг-јанг, професор по вирусологија на универзитетот во Хонг Конг, кој не беше вклучен во студијата.

Некои клетки се сеќаваат како да се справат со вирусот по првата средба со него и можат да обезбедат сигурна заштита ако повторно се судрат со инфекцијата. Научниците се уште истражуваат дали тој механизам работи против новиот коронавирус. 

Next Post

Преглед на вести во 09 часот: Датум за ЕУ ќе добиеме кога ќе го поразиме ДПМНЕ на изборите, освен национализам и фејк њуз ништо не им понудија на граѓаните...

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk