ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на вести во 09 часот: Датум за ЕУ ќе добиеме кога ќе го поразиме ДПМНЕ на изборите, освен национализам и фејк њуз ништо не им понудија на граѓаните…

June 23, 2020 09:06
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ДОПОЛНИТЕЛНАТА заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, ги истакна досегашните реформи во предучилишното образование, од зголемени плати за мотивиран кадар до изградба на градинки како таа во Крива Паланка.

КАНЦЕЛАРИЈАТА на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ја започна Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ), додека партиите во согласност со препораките за спречување на ширењето на корона вирусот пред се насочуваат на прес-конференции и онлајн пропаганда.

На ПРАШАЊЕТО на Александар Николовски кога Македонија ќе добие датум за преговори, Шекеринска одговори дека тоа ќе биде кога СДСМ ќе го порази ВМРО-ДПМНЕ на изборите и кога на сите ќе им покажат дека ДПМНЕ нема да се вратат на власт.

– ВМРО-ДПМНЕ освен национализам и фејк њуз, 3 години ништо не им понуди на граѓаните.

ФИЛИПЧЕ: Сметам дека со интензивна работа на терен ќе се пушти сериозен сигнал до граѓаните и тие ќе сфатат дека овие мерки мора да се почитуваат

ПРЕКУ итна неповратна помош преку Амбасадата на Јапонија го добивме лекот Фавипиравир (АВИГАН) за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС – Канцеларијата за проекти на ОН. Добивме АВИГАН за 100 пациенти.

НИВОТО на антитела кај пациенти кои оздравеле од Ковид-19 паѓа нагло два до три месеци откако инфекцијата се смирува, се нагласува во студија на кинески научници кај пациенти со симптоми и заразени без симптоми на болеста.

ЗАВРШУВА изведбата на Спортско – адреналинскиот парк, кај Алпинистичката карпа. Деновиве се поставуваат реквизитите за адреналинскиот дел, напиша градоначалниокот на Карпош, Стефан Богоев на социјалните мрежи и објави фотографии.

ЕДНА недела без нови регистрирани случаи на присуство на вирусот Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион.

ПРЕМИЕРОТ Оливер Спасовски со објава на Фејсбук и посака успех во новиот мандат на Српската напредна партија (СНС) на српскиот претседател Александар Вучиќ, по победата на парламентарните избори во Србија.

КРИВИЧНИ пријави за орото во Чаир, лицата сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

МИНИСТЕРОТ за локална самоуправа, Горан Милевски вели дека мерките додека бил карантинот, си го дале очекуваниот резултат во првите 6 недели, но дека не можеме повторно да продолжиме со мерките затоа што трпи економијата.

МЕРКАТА ослободување од плаќање на аконтации по основ на данок на добивка и данок на личен доход за самостојни вршители на дејност продолжува и во месеците јуни и јули, напиша министерката Ангеловска во пост на Фејбук.

УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ професор Марјан Петрески, за емисијата „Топ тема“ изјави дека економскиот удар што го очекувавме не го забележуваме во толкава сила.

ПОРАДИ обилните врнежи од дожд, водостоите на реките во западна Србија се зголемуваат, а некаде се излеале од коритата. Како што јавуваат српските медиуми, се излеала реката Јадар во близина на Осечина при што се поплавиле околу 150 куќи и неколку земјоделски полиња.

СЗО повика да се зголеми производството на Дексаметазон, откако британските научници објавија дека тој стероид значително ја намалува смртноста кај пациенти со тежок облик на Ковид-19.

Во ПОСЛЕДНИТЕ две години во Шведска, откако е изменет законот, пресудите за силување се зголемени за 75 проценти, поради што се засилија и повиците до другите земји и тие да ги сменат своите закони.

ВРЕМЕТО во земјава ќе биде облачно и нестабилно, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има пообилни врнежи, наместа во форма на невреме со електрични празнења и засилен ветер.

А. Н. С.

Next Post

БИРH: Бројот на заразени и починати од Ковид-19 во Србија e многу поголем од официјалните бројки

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk