СПАСОВСКИ: Кампањата пред изборите е само финишот од она што треба да го направите претходно, значи целиот мандат треба да биде посветен на интересот на граѓаните, во целиот мандат мора да имате визија што сакате да направите.
ЗАЕВ и Касами: Едно општество за сите е вредност што обединува, на народот му е преку глава од квазинационализми Се додека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се реформираат и европеизираат, ќе останат долго време во опозиција, кога ќе се реформираат…
– Не сме веќе ФИРОМ, туку Република Северна Македонија, не сме Северна Тунгузија, МАКЕДОНИЈА сме и немојте да дозволите никој да ве лаже, македонците се признаени од целиот свет.
НОСИТЕЛОТ на листата на ИЕ1 од СДСМ Никола Димитров: Направивме големи чекори напред, мора ова да го зацврстиме и мора конечно Европа да си ја донесеме дома. И тоа покажавме дека можеме и тоа ќе го направиме.
МИНИСТРИТЕ Дамјан Манчевски и Венко Филипче одржаа прес-конференција на која се осврнаа на досегашните резултати од проектот е-рецепти, кој успешно функционира веќе два месеца.
НИКОЛА Јанкуловски реизбран за ректор на УКИМ.
ПРОДОЛЖУВА непочитувањето на заштитните мерки на предизборните собири на ВМРО-ДПМНЕ
– Eден од членовите на групата „Ковид ѕид на срамот“ објави слика од Неготино каде се гледа изборното мото на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, „Исправи се Македонијо“ и насобрани граѓани без воопшто да се почитуваат мерките за заштита.
СИЛЈАНОВСКА ќе укинува управни одбори, заменици и „измислени функции“, а синот со години бил член на УО на ЈП „Злетовица”.
ВО ТЕКОТ на вчерашниот ден регистрирани беа 163 новозаразени со Ковид-19, 40 оздравени, и тројца починати. Со ова, бројката на вкупно активни случаи во земјава се искачи на 3.284. Највисоките бројки сѐ уште се бележат во Скопје, а најмногу во Чаир.
ПОРАНЕШНИОТ пратеник и министер за надворешни работи Антонио Милошоски оди во самоизолација, затоа што неговата мајка била позитивна на Ковид-19.
Во УСЛОВИ на пандемија на коронавирусот, организацијата Нула отпад својата едукативна мисија ја продолжи преку дигитална едукативна кампања „Безбедни во изолација со супер екоедукација”.
НАЈГОЛЕМ број патници забележани се на Табановце и на Блаце, на границата со Косово.
ВРЕМЕТО во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
А. Н. С.