ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Проектот е-рецепти покажува успешни резултати

Во нашата држава веќе два месеца препишувањето рецепти и издавањето на лекови се одвива дигитално, без користење на хартија, и најважно, без физичка посета на матичниот лекар, истакна министерот Дамјан Манчевски.

June 27, 2020 07:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за здравство Венко Филипче одржаа прес-конференција на која се осврнаа на досегашните резултати од проектот е-рецепти, кој успешно функционира веќе два месеца.

Можностите што ги нуди дигитализацијата го олеснуваат секојдневниот живот на граѓаните. Особено сега, кога сме соочени со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, Владата има обврска да им помогне на граѓаните да се прилагодат. Затоа го реализиравме проектот за е-рецепти. Во нашата држава веќе два месеца препишувањето рецепти и издавањето на лекови се одвива дигитално, без користење на хартија, и најважно, без физичка посета на матичниот лекар, истакна министерот Дамјан Манчевски.

Според министерот Манчевски, станува збор за систем кој е комплексен во позадина, но за нашите граѓани е многу едноставен и лесен за користење.

Оваа нова услуга го автоматизира и значително го поедноставува издавањето на рецепти за лекови. Со овој систем се исфрлаат од употреба хартиените рецепти, граѓаните добиваат побрза и поефикасна услуга, а матичните лекари се растеретуваат од гужви и им се автоматизира работењето. Од направената анализа може да се види дека за само два месеца, 95% од вкупно издадените рецепти се издадени електронски.  Исто така, 95% од издадените лекови во аптека се издадени без хартиен рецепт, односно само со документ за лична идентификација“, рече министерот Дамјан Манчевски. Министерот Манчевски потенцираше дека е-рецептот е трајна придобивка, така што и откако ќе помине кризата со КОВИД-19 чекањето на ред кај лекарот или во аптека останува во минатото.

Воедно, министерот Манчевски најави продолжување на масовната дигитализација на услугите и во други сфери: електронско запишување на деца во градинка, електронско запишување во училиште, автоматско префрлање на финансиска помош за новороденче, без да има потреба родителите било што да направат, потврда за платени даноци, како и стотици други услуги кои граѓаните често ги користат.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, истакна дека проектот за електронско издавање рецепти се покажа дека е еден одличен модел и проект.

Корона кризата го докажа тоа, заради тоа што тие категории граѓани и пациенти коишто најмногу сакаме да ги заштитиме во оваа ситуација, пациентите со хронични болести, сега го избегнуваат непотребното одење во лекарските амбуланти.

Системот досега се покажа како успешен, од први мај досега преку овој систем се креирани над три милиони рецепти за хронична, акутна терапија. Воведувањето на електронскиот начин на издавање рецепти е практично надополнување на активностите за целосна достапност до терапиите и лековите за пациентите и граѓаните, која почна минатата година во октомври кога целосно ги укинавме квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум државата.

Со тоа обезбедивме лекови за сите пациенти, за сите наши граѓани кои имаат потреба од тоа да имаат лек во кој било ден од месецот, се избегнаа гужвите, редиците, се избегна паниката. Таа веќе не постои кај граѓаните и со тоа постигнавме една од нашите цели, преку вистински здравствени политики да го зајакнеме овој сегмент од јавно здравствениот систем, потенцираше министерот Филипче.
Next Post

Нула отпад со втор екопредизвик „Безбедни во изолација со супер екоедукација”

Shortcut

Најново

Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

November 25, 2026
Мила Кунис (Wikipedia)

Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

November 24, 2026

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk