Петти ден кампања, политичките партии на терен. Партиите во текот на вчерашниот ден ги упатија пораките до граѓаните и побараа поддршка на претстојните избори.
Шекеринска: За 2,5 години остваривме 60% повисока минимална плата – Јанушев: ДПМНЕ ќе ја покачи платата на сите за 25 %.
Спасовски: Ќе победиме со право, нудејќи мултиетнички концепт кој ќе продолжи да се развива
ДУИ, остана едиствената партија која конкурира на овие избори, бара да биде дел од идната власт, но сè уште нема конкретна програма.
Заев: Имаме работлив народ, имаме паметни млади, сега имаме и шанса
Мелинда Рашиди: Коалицијата меѓу СДСМ и Беса го елиминира политичкиот фолкоризам на двата етникуми.
Чорапи – дел од промотивниот мaтеријал на ВМРО-ДПМНЕ
Царовска: Ние сме генерација која ќе ја донесe промената
Во Крушево, на денешен ден 1880 година е роден Никола Киров Мајски, македонски револуционер и писател. Автор бил на Крушевскиот манифест.
Бројот на новозаболените од Ковид-19 во земјава и натаму останува троцифрен. Само во изминатото деноноќие регистрирани беа нови 150 заразени, 30 оздравени и дури девет починати лица.
Времето во земјава ќе сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Британската Влада ќе ги ублажи мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19 и на тој начин на граѓаните ќе им се овозможи да патуваат на одмор.
Ролинг Стоунси го предупредија американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го тужат доколку тој продолжи да користи нивни песни на митинзи за време на кампањата.
Ј. Ѓ.