ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Мицкоски без грам срам праша – До каде е случајот Никола Младенов

June 28, 2020 10:42
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Во својот вчерашен говор во предизборната кампања во Кочани, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се осврна на случаите „Смилковско Езеро“, „Диво Насеље“, а ја спомна и трагичната смрт на новинарот, Никола Младенов.

– Немир, на дечињата, на оние јунаци кои животот го положија бранејќи ја државата во „Диво Насеље“. Немир во душите на родителите на Нешкоски, на Мартин Јанушев, на Кољо. До каде е случајот со новинарот Младенов? Каде е нивниот мир? Нивниот мир се претвори во немир. А немирот се претвори во револт, а револтот во пркос, одлучност и храброст, рече Мицкоски во својот инспиративен говор во Кочани.

Заборава ли Мицкоски дека сите овие спомнати настани се случија за време на владеењето на неговото  ВМРО-ДПМНЕ и под водство на неговиот ментор Груевски кој и го постави на чело на ДПМНЕ, или мисли дека македонската јавност има амнезија и не се сеќава каква власт практикуваше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години?

Горан Михајловски – уредник на порталот „Сакам да кажам“, на својот Фејсбук профил го прашува Мицкоски, со кое лице го изговара името на Младенов и како не му е срам да го спомнува Никола Младенов во предизборна кампања.

„Како не ти е срам да го споменуваш Никола Младенов во предизборна кампања? Со кое лице му го изговараш името? На неговата слава ли ќе собираш гласови? На сообраќајката што се случи помеѓу два изборни круга на избори што ги организираше твојата партија?
Ако веќе те интересира под кои околности загина Никола тогаш зошто твојата партија со сите средства ја попречува правдата да се открие кој го нареди масовното прислушување и следењето на новинари во времето кога бевте на власт.
Вистинското прашање е: Зошто сте го следеле и Никола? Одговорот побарај си го кога следниот пат ќе одиш за Будимпешта.“, пишува новинарот Горан Михајловски

Ќе се изнаслушаме сè и сешто во оваа предизборна кампања и донекаде тоа е и за очекување, но некои работи едноставно навредуваат интелигенција и влечат силен револт кај македонската јавност, која добро памети што се случуваше пред само три и пол години за време на владеењето на ДПМНЕ.

– Со кое лице Мицкоски побогу говори за Диво Насеље, кога се знае чија режија беше тоа. Во „бомбите“ што тогаш Заев ги обелодени се слуша гласот на Мартин Протуѓер кој вели – А војна да имаме?! Глупи ли сме или за што не смета Мицкоски, реагираат на социјалните мрежи револтирани граѓани

Заборава ли Мицкоски дека шефовите на неговата ВМРО-ДПМНЕ неовластено прислушуваа илијадници граѓани, новинари, политичари, активисти?

Храброст ли е, глупавост ли е, ваквата реторика на претседателот на ДПМНЕ Мицкоски со која се обидува да се влече во оваа предизборна кампања, останува да видиме. Резултатите ги чекаме после 15 јули.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

July 7, 2025

Смртниот биланс од поплавите во Тексас се искачи на 82 лица, меѓу кои и 28 деца

July 7, 2025

Судирот меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот продолжува

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk