ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Втор круг општински избори во Франција за избор на градоначалник во 4.820 општини

June 28, 2020 11:18
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Вториот круг од општинските избори во Франција се одржува а со два главни влогови: излезеноста на гласачите при здравствена криза и во очекување на пробив на зелените  во неколку големи градови, јави дописникот на МИА.

Ова гласање требаше да се одржи според првично определениот календар на 22 март, заради епидемијата поради коронавирусот, гласачите се  повикани да гласаат денес  за вториот круг од општинските избори во 4.820 општини , скоро три и пол месеци по првиот.

Од овие „вонредни“ денес се опфатени  повеќе од 157000 кандидати и 16,5 милиони избирачи, тие се одржуваат под засилена здравствена заштита со носење задолжителна маска на избирачките места, хидроалкохолен гел и приоритет за гласање за ранливите лица.

Гласањето се одржува во 15% од општините, меѓу кои и големите градови како Париз, Лион, и Марсеј, каде што советите не беа целосно избрани на 15 март. Вториот круг главно се однесува на градовите, бидејќи руралните комуни масовно ги завршија изборите во првиот круг.

Првиот предизвик на изборите  ќе биде проблемот со учеството, по падот на првиот круг, кога помалку од половината од избирачите  (44,3% наспроти 63,5% во 2014 година) излегоа да гласаат заради ризик од зараза.

По кампањата, честопати ограничена само на социјалните медиуми, за денес повторно се најавува масовна апстиненција. Скоро шеесет отсто од французите  може да не излезат на гласање, според неколку анкети. Уште поголем процент отколку во првиот круг. Но, многу гласачи се одлучуваат да излезат во последен момент.

Трендот на градоначалници кои го избираа својот наследник, или лесно се стекнуваа со ниов мандат исто така, може да доживее неуспех. Резултатите ветуваат дека ќе бидат тесни во десет најголеми градови во Франција.

Во Париз, Ана Идалго (социјалист) се чини дека е во позиција да го задржи градот во рацете на левицата. Но, исходот од изборите е многу неизвесен во Лион, Марсеј, Тулуз, Стразбур, Монпелје, Нанси или дури и Лил, главно под притисок на еколозите.

За претседателската Република во Марш, може да се надева на успех само во Стразбур.

Со внимание се следи и изборот во во Ле Хавр, каде премиерот  Едуард Филип е кандидат, а претседателот Емануел Микрон најавува реконструкција на владата.

Многу ослабени на национално ниво, Социјалистичката партија и Републиканците (десницата) го подобрија своето здравје на локално ниво. Социјалситите е во состојба да ги задржат своите бастиони – Париз, Нант, Рен, Дижон – и треба да се врати на нсивото во кое се наоѓаше по загубата на многу градови во 2014 година.

Републиканците го потврдија своето заздравување победувајќи во првиот круг во многу градови со повеќе од 9000 жители што ги контролираа. Но, поразот во Марсеј, кој го држеше десницата 25 години, или Тулуз, четвртиот град на Франција, би имал силна политичка резонанца.

Нанси исто така може да има силна резонанца на национално ниво се премин во рацете на левицата по скоро половина век на владеење на радикалите од десницата.

Понесени од бранот за заштита на животната средина, кандидатите на еколозите  можат да збележат успех во неколку големи градови, какои Гренобл, Лион, Стразбур, Бесансон.

Главниот противник на Емануел Макрон на национално ниво, Националниот собир има надеж да го освои само градот  Перпињан. 

Next Post

Триста луѓе во карантин во Швајцарија по избивање зараза со Ковид-19 во ноќен клуб

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk