„Ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, во подобри услови за граѓаните. Ќе ги покачиме пензиите, најниските дури за 21 % најмалку до крајот на мандатот. Секој родител сака децата да растат и да живеат покрај него. Се обврзуваме дека ќе продолжиме да создаваме услови и амбиент во кој младите луѓе ќе се охрабрат да отворат свој бизнис кој ќе го градат и развиваат. “Можеме” е понуда за нова развојна домашна економија, каде го поттикнуваме домашното производство и купувањето на домашни производи”, рече Лукаревска.
Ние сите заедно, додаде таа, градиме иднина и се грижиме за секој граѓанин, за секое едно населено место.
Таа рече дека арачиновци ја препознаваат разликата, зошто, како што кажа, знаат дека во Арачиново со години беше заборавено и во 21 век имаа проблем со канализација.
„Денес во тек е изградбата на канализационен систем долг над 10 километри и инвестираме 106 милиони денари”, рече Лукаревска.
Кажа дека инвестициите во градинки, патишта и болници ќе продолжат и во следниот мандат.